Средоземни игри
меѓународно повеќеспортско натпреварување / From Wikipedia, the free encyclopedia
Средоземни игри (или Медитерански игри) — меѓународно спортско натпреварување, кое се одржува на секои четири години. Земјите-учеснички мора да бидат дел од средоземната цивилизација. Овој настан го предложил Мохамед Тахер-паша, кој бил претседател на Олимпискиот комитет на Египет за време на Летните олимписки игри 1948. Првите Средоземни игри се одржале во 1951 г. во Александрија, еден од најголемите градови на Египет. Првите 10 игри се одржувале една година пред Олимписките игри, но во 1991 било одлучено игрите да се одржуваат една година по Олимписките игри.
Кратки факти Први, Честота ...
Знаме на игрите | |
Плакат за I Средоземни игри во Александрија, 1951 г. | |
Први | 1951 (Александрија, Египет) |
---|---|
Честота | на 4 години |
Последни | 2018, Тарагона, Шпанија |
Цел | спортови во Средоземјето |
Претседател | Амар Адади (Алжир) |
Мреж. место | МКСИ |
Затвори
Македонија за првпат почнала да учествува на XVII Средоземни игри во Мерсин, 2013 г.