From Wikipedia, the free encyclopedia
Средниот век опфаќа период од десет векови во европската историја. Уметноста на овој период започнува врз темелите на ранохристијанската култура и уметност. Христијанството се јавува на почетокот на нашата ера во Палестина, а во средниот век легално се развива. Тоа станува официјална религија во римската империја и се трансформира од вера на сиромашните, во силна, хиерархиски сложена организација. Во ова време започнало и создавањето на средновековната музика.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Средновековна музика е онаа музика што се создавала во средниот век, под влијание на одредени фактори карактеристични за средновековната уметност воопшто, како што се христијанството, народното творештво и навраќањето на антиката. Во средниот век музиката претежно била со религиозна содржина, во служба на христијанството, но во еден момент во доцниот среден век се појавуваат трубадурите кои почнуваат да создаваат световна музика со мотиви од секојдневието, најчесто љубовни или херојски.
Средновековната музика најчесто се изведувала вокално, но во употреба биле и неколку видови на инструменти: харфа, лејта, цитра, флејта, обоа, труба, оргули, ударни инструменти и ѕвона. Световната музика во средниот век е вовед кон световната музика на повисок степен ренесанса.
Единствената средновековна музика која е изучувана е онаа која била напишана и преживеала. Бидејќи создавањето на ракописи било многу скапо, поради скапата хартија и поради големото време кое било потребно сето тоа да се напиши и ископира, само богатите институции биле способни да создаваат ракописи кои преживеале до денешно време. Во овие институции спаѓале црквите, црковните институции, како што се манастирите, одредена световна музика, како и духовна музика, била под заштита од овие институции. Овие преживеани ракописи не пренесуваат многу од популарната музика од тоа време. На почетокот на овој период, нотираната музика се претпоставува дека е монофона и хоморитмична , значи има текст кој се пеел унисоно, а нотиран инструмент нема. Раните нотации од овој век немале начин да го специфицираат ритамот, иако неумите давале јасни фразирања.
Едноставноста на кантовите со унисоно пеење и природна декламација била најчеста појава. Се развива полифоната нотација, и се претпоставува дека полифоните вежби потекнуваат од овој период. Хармонијата , е со консонатни интервали чиста квинта, прима октава ( и подоцна чиста кварта) и така започнува да се нотира. Ритмичката нотација дозволува комплексни взаемности помеѓу повеќегласието во повторувачка секција. Употребата на повеќекратни такстови и запишувањето на претечкиот инструмент се развиле кон крајот на овој период.
Оваа статија за музика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.