Среден Исток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Среден Исток[б 1] — прекуконтинентален регион кој се простира околу западна Азија, (и азискиот и европскиот дел) и Египет (кој е претежно во Северна Африка). Терминот дојде во поширока употреба како замена на терминот Близок Исток (во контраст на Далечниот Исток) на почетокот од 20 век.
Местоположбата на Средниот Исток | |
Површина | 7,207,575 km2 (2,782,860 ми) |
---|---|
Популација | 371 милион (2010)[1] |
Земји | |
Часовни појаси | UTC+2:00, UTC+3:00, UTC+3:30, UTC+4:00, UTC+4:30 |
Најголеми градови | {{ublist|class=nowrap | Каиро | Техеран | |
Арапите, Турците, Персијците, Курдите, и Азерите (со исклучок на Азербејџан) ги сочинуваат најголемите етнички групи во регионот според населението.[2] Малцинства во Средниот Исток се Евреите, Белуџите, Грците, Асирците и други Арамејци, Берберите, Черкезите (вклучувајќи ги Карбадијанците), Коптите, Друзејците, Лурсите, Мандејанците, Самарите, Шабаките, Татите и Зазите. Во Средниот Исток исто така постои и ромска заедница. Европски етнички групи кои формале дијаспора во регионот се Албанците, Бошњаците, Кримските Татари, Франко-Левантијците и Итало-Левантијците. Меѓу другото мигрантско население се и Бенгалите како и други Индијанци, Кинези, Филипинци, Индонезијци, Пакистанци и потсахарски Африканци.
Историјата на Средниот Исток датира од древните времиња, со (геополитичката) важност на регионот призната со милениуми.[3][4][5] Неколку големи религии потекнуваат од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и јудаизмот, христијанството и исламот; бахаизмот, мандејството и бројни други системи на веривања кои биле исто така воспоставени во рамките на регионот.
Средниот Исток генерално има жешка, суви клима, со неколку поголеми реки кои обезбедуваат наводнување за поддршка на земјоделството во ограничени области како што се Нил Делта во Египет, подрачјата на Тигар и Еуфрат во Месопотамија и повеќето од она што е познато како Плодна Полумесечина.
Повеќето земји кои граничат со Персискиот Залив имаат огромни резерви на сурова нафта, од која монарсите на Арапскиот Полуостров имале особено голема корист од економски аспект.