From Wikipedia, the free encyclopedia
Спортска сала „Боро Чурлевски“, позната и по старото име „Младост“ — мултифункционална спортска сала во Битола и се користи првенствено за кошаркарски и ракометни натпревари.[1] Во објектот има и простор за пинг-понг, како и куглана. Во неа играат КК Пелистер, Еурофарм Пелистер 2 (поранешен Пелистер) и РК Еурофарм Пелистер (поранешен Еурофарм Работник), а се користи и за одржување на концерти. Сместивоста е околку 3.500 гледачи.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ | |
---|---|
Место | Битола, Македонија |
Отворен | |
Реновиран | 2017 |
Сопственик | Општина Битола |
Игра | РК Еурофарм Пелистер РК Еурофарм Пелистер 2 КК Пелистер |
Гледачи | 2,785 |
Салата била домаќин на завршницата на Купот на Македонија во кошарка 2007. Оваа спортска сала била најголема на територијата на Република Македонија, пред изградбата на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Во јануари 2017 година, било започнато реновирањето на внатрешноста на салата.[2][3] Со реновирањето биле опфатени подот, трибините, бил поставен нов семафор, а претходно бил поставен нов систем за греење [4][5]. На 6 април 2017 година со мечот РК Пелистер - РК Металург во второто коло на плеј-офот на ракометната Суперлига, бил одигран првиот натпревар во реновираната сала.[6]
На крајот на јули 2018 година, името на салата било сменето во „Боро Чурлевски“, во чест на рано починатиот Боро Чурлевски, поранешен битолски ракометар.[7][8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.