![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/51/Mithat_Pasa_mezari.jpg/640px-Mithat_Pasa_mezari.jpg&w=640&q=50)
Споменик на слободата (Истанбул)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Споменикот на слободата (турски: Hürriyet Anıtı или Abide-i Hürriyet), е споменик којшто се наоѓа во областа Шишли, Истанбул, Турција. Споменикот бил изграден во чест на војниците кои загинале во бунтот против радикалната власт на исламската Османлиско Царство и уставните реформи по 1839 година познати како Танзимат. Споменикот бил дизајниран од страна на османлискиот архитект Музафер Бег, кој победил на архитектонскиот конкурс. Основата на споменикот, којшто бил изграден во периодот од 1909-1911 година е во форма на триаголник.