![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bf/Universal_Postal_Union_membership.png/640px-Universal_Postal_Union_membership.png&w=640&q=50)
Список на членки во Светскиот поштенски сојуз
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
192-те членки на Светскиот поштенски сојуз (СПС) се наведени подолу по азбучен ред, со датумот на членство. Членови се Ватикан и 193 членки на ОН освен Андора, Маршалските Острови, Сојузните Држави на Микронезија и Палау. Најновата членка е Јужен Судан, која се приклучила на 4 октомври 2011 година.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bf/Universal_Postal_Union_membership.png/640px-Universal_Postal_Union_membership.png)
Пред 10 јули 1964 година, државите станале членки на СПС со ратификување на најновата верзија на Договорот од Берн. По овој датум, државите стануваат членки со ратификување на Уставот на Светскиот поштенски сојуз, кој го вклучил Договорот од Берн и додал одредби на него. Три држави кои биле странки на Договорот од Берн во 1964 година, а со тоа и членки на СПС, и кои го потпишале, но никогаш не го ратификувале Уставот се Доминиканска Република, Хондурас и Судан.[1] Сметано е дека овие држави „премолчено го ратификувале“ договорот поради нивното континуирано учество во СПС. Исто така вклучени како членови се две „заеднички членства“ за зависни територии (едно за британските прекуморски територии и едно за конститутивните земји на Карибите (холандски: landen) на Кралство Холандија (Аруба, Курасао и Синт Мартен), првично како Холандски Антили). На зависните територии не им е дозволено да го ратификуваат Уставот на СПС, но затоа што Договорот од Берн дозволил зависностите да се приклучат на СПС,[2] наведувајќи ги овие членови одделно како „Колонии, протекторати итн.“[3] Уставот на Светскиот поштенски сојуз го признал нивното членство кога само било ограничено на суверените држави.[2][4] Сепак, ниту британските ниту холандските ентитети не го ратификувале Договорот од Берн одвоено од ратификациите на Обединетото Кралство и Кралството Холандија, редоследно.
Врз основа на член 23 од Уставот на СПС, другите зависности на земјите-членки на СПС се опфатени со нејзиното членство. Териториите опфатени со суверена земја-членка се наведени под таа земја.[5]