Список на цареви од династијата Чјинг
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Династијата Чјинг била основана како „Подоцнежна династија Џин“ во 1616 г. од страна на Нурхачи, Манџурец од кланот Ајсин-Гјоро, додека пак неговиот син Хунг Тајџи ја преименувал династијата во „Чјинг“ во 1636 г. Династијата владеела сè до 1912 г. Во самата Кина, дианстијата Чјинг ја наследила династијата Минг во 1644, за време на царот Шунџе. Затоа, политички земено, царот Шунџе е првиот цар од оваа династија кому правилно му следува титулата Цар на кина. Династијата брои вкупно 12 владетели започнувајќи од Нурхачи, од кои 10 биле владетели на самата Кина. Династијата Чјинг била оборена во Синхајската револуција во 1911, иако последниот цар не абдицирал во полза на Република Кина сè до зимата 1912 и си ја задржал титулата сè до 1924 г.