Список на месечеви мориња
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на месечеви мориња (латински: maria), кои претставуваат големи и темни базалтни низини на Месечината. Опфатени се и други базалтни низини, вклучувајќи еден „океан“ (oceanus), како и образби од видовите „езеро“ (lacus), „блато“ (palus) и „залив“ (sinus). Овие секако не се истоветни на нивните земски пандани, кои содржат вода. Денешниот номенклатурен систем е воведен во 1651 г. од италијанскиот астроном Џовани Батиста Ричоли.[1] Ричолиевата карта ја нацртал неговиот сонародник Франческо Марија Грималди, во чија чест е наречен и еден позначаен кратер.