Список на канцелари на Германија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Канцеларот на Германија е политички водач на Германија и претседател на сојузната влада. Функционерот е одговорен за изборот на другите членови на владата и претседава со состаноците на сојузната влада.
Должноста била создадена во Северногерманскиот Сојуз во 1867 година, кога Ото фон Бизмарк станал првиот канцелар. Со обединувањето на Германија во 1871 година, Сојузот прераснал во германска национална држава и должноста станала канцелар на Германија. Бизмарк, кој бил канцелар до 1890 година, е канцеларот со најдолг стаж на оваа функција до денес.
Првично, канцеларот бил единствено одговорен на царот. Ова се променило со уставната реформа во 1918 година, кога на парламентот му било дадено право да го разрешува канцеларот. Според Вајмарскиот устав од 1919 година, канцеларот требало да биде назначен од претседател, но бил одговорен на парламентот. Уставот бил надвор од функција во периодот 1933-1945, за време на нацистичкото диктаторство. Германскиот устав од 1949 година го направил канцеларот најмоќна личност во државата, истовремено намалувајќи ја улогата на претседателот.
Официјалниот назив на титулата гласела „сојузен канцелар“ (Bundeskanzler) во Северногерманскиот Сојуз и „царски канцелар“ (Reichskanzler) од обединувањето на Германија до повторното воведување на сојузен канцелар во 1949 година. Женската форма на титулата гласи сојузна канцеларка (Bundeskanzlerin). Титулата е често скратувана на канцелар (Kanzler) или женската форма канцеларка (Kanzlerin).
Од 22 ноември 2005 година, должноста ја врши Ангела Меркел, моментален водач на Христијанската демократска унија на Германија.