From Wikipedia, the free encyclopedia
Сојуз на пионери на Југославија (српскохрватски: Савез пионира Југославије / Савез пионира Југославија ; словенечки: Zveza pionirjev Jugoslavije (ZPJ); македонски: Сојуз на пионери на Југославија) исто така познат како „Титовите пионери“ (Титови пионири / Titovi Pioniri) било пионерското движење на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Неговите членови, ги вклучувало сите деца на 7 години и постари, учествувале на годишна церемонија облечени во своите пионерски униформи.
Сојуз на пионери на Југославија Савез пионира Југославије Savez pionira Jugoslavije | |
---|---|
Амблем на Сојузот на пионери | |
Основана | 27 декември 1942 |
Распуштена | 1992 |
Штаб | Белград, СФР Југославија |
Идеологија | комунизам марксизам-ленинизам титоизам југословенство антифашизам |
Униформата била составена од црвен шал, како и темносина капа, наречена титовка. Покрај темносини, титовките некогаш биле и бели, а на предната страна имале прикачено црвена петокрака. Пионерската марама и титовката често се носеле со бела кошула, сепак ова варирало според краиштата на Југославија. Момчињата често носеле темносини шорцеви или панталони, а девојките - сукни во иста боја, обуени во бели чорапи и црни чевли. Во посебни прилики, како што била посетата на Јосип Броз-Тито, пионерите понекогаш носеле традиционални носии од своите родни краишта.
Организацијата била основана на 27 декември 1942 година. Таа била организациска подединица во рамките на Сојузот на комунистичката младина на Југославија. Организацијата го издавала списанието „Мале новине“. Имала два оддела: помлади пионери (7-11 години) и постари пионери (11-15 години).[1]
За разлика од другите пионерски движења, Титовите пионери користеле милитаристички поздрав, во чест на сите млади кои се бореле заедно со југословенските партизани во Втората светска војна.
Обично, церемонијата на зачленување се одржувала во основните училишта на седумгодишна возраст, во првите месеци од нивната прва училишна година, како дел од прославата на Денот на Републиката. По церемонијата децата добивале црвена пионерска книшка, слична на книшката која ја добивале членовите на Комунистичката партија. Книшката била потпишувана од „Претседателот на пионерскиот комитет“, постар пионер и служела како доказ за членството. Најмладата генерација Титови пионери е родена во 1982 година, кои ја зедоа својата книшка за членство во 1989 - 1990 година. Текстот заклетва на југословенски пионери (пионирска заклетва) можеби се разликувал од едно во друго училиште. Реконструиран од несовршени сеќавања, на македонски јазик:
Низ поранешните југословенски републики (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија), многумина се сеќаваат на своите денови како Титови пионери, па затоа не е невообичаено да се слушаат луѓе како се нарекуваат „Титов(а) пионер ка)“.[2][3]
Општествената функција од постанувањето на пионер во комунистичка земја била слична на функцијата на Првата причест во Римокатоличката црква. И во двата случаи, дете на раната возраст од околу седум години е приклучено на група во која индивидуите споделуваат одредени вредности и култура. Ова рано приклучување ја зголемува веројатноста дека, откако детето ќе стане возрасно лице, тоа ќе се идентификува со групата.
Децата биле учени да бидат одговорни и да оддаваат почит, од нив се барало да учат и работат напорно, исто така биле гледани како идни генерации на нацијата. Шапката се користи и ден денес.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.