![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/68/Social-network.svg/langmk-640px-Social-network.svg.png&w=640&q=50)
Социјална мрежа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Социјална мрежа (англиски: social network) — општествена структура составена од поединци (или организации) наречени „јазли“, кои се поврзани со еден или повеќе специфични видови меѓузависности, како што се вредности, визии, идеи, финансиски интереси, пријателство, сродство, заеднички интерес, финансиска размена, несакање, сексуални односи или односи на доверба, знаење или престиж.[1] Добиената структура често може да биде многу сложена. Анализата на социјалните мрежи ги разгледува социјалните односи во поимите „јазли“ и „врски“. Јазлите се индивидуални актери во мрежата, а врските се нивните меѓусебни односи. Може да има многу различни врски помеѓу јазлите.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/68/Social-network.svg/320px-Social-network.svg.png)
Социјалните мрежи може да се основаат и затвораат во зависност од потребите. Тие се основаат со цел да се справат со одреден проблем, најчесто во облик на групи за самопомош, мрежи на НВО и групи за социјален активизам. Тие брзо се развиваат со доаѓањето на новите технологии, особено интернетот. Истражувањето во академската заедница покажа дека социјалните мрежи функционираат на повеќе нивоа, од семејно до ниво на нација, и играат клучна улога во одредувањето како ќе се решат некои проблеми, како ќе функционираат организациите и степенот до кој поединецот ќе успее во постигнување на индивидуални цели. Во својот наједноставен облик, социјалната мрежа е карта на сите релевантни врски помеѓу јазлите што се испитуваат. Мрежата може да се користи и за одредување на социјалниот капитал на поединечни актери. Овие концепти често се прикажани како дијаграми на социјалните мрежи каде јазлите се точки, а линиите се врски. Социјалните мрежи не треба да се мешаат со услугите за социјално вмрежување како што се, ,, итн. или со виртуелни заедници.
Социјалните мрежи и нивната анализа е инхерентно интердисциплинарно академско поле кое произлегло од социјалната психологија, социологијата, статистиката и теоријата на графови. Георг Зимел е автор на раните структурни теории во социологијата кои ја нагласуваат динамиката на тријадите и „мрежата на групни припадности“.[2] Јакоб Морено ги развил првите социограми во 1930-тите за проучување на меѓучовечките односи. Овие пристапи биле математички формализирани во 1950-тите, а теориите и методите на социјалните мрежи станале сеприсутни во социјалните и бихејвиоралните науки до 1980-тите.[1][3] Социјалната анализа на мрежите во денешно време е една од главните парадигми на современата социологија, а се применува и во многу други општествени и формални науки. Заедно со другите сложени мрежи, таа е дел од новото поле на мрежната наука.[4][5]