Состанок во Караѓорѓево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Состанокот во Караѓорѓево бил таен состанок, одржан во март 1991. година во селото Караѓорѓево (Војводина биску до гратчето Бачка Паланка, СР Србија), помеѓу претседателите на СР Хрватска Фрањо Туѓман и претседателот на СР Србија Слободан Милошевиќ околу тогашната ситуација во СФРЈ или подетално во Хрватска и Србија. Според повеќе извори, на тој состанок помеѓу двата претседатели е усмено договорена поделба на Босна и Херцеговина помеѓу Србија и Хрватска, и поради тоа овој состанок понекогаш се нарекува и договорот во Караѓорѓево.
На тие преговори Милошевиќ ги барал сите територии каде Србите биле мнозинство. Тоа је вклучувало нпр. источна и западна БиХ. Туѓман и соработниците ја барале првенствено западна Херцеговина каде Хрватите формирале мнозинство. Помеѓу таквата проширена Хрватска и проширена Србија требало да има мала муслиманска државичка,која Туѓман и Милошевиќ ја нарекувале Алиината држава.[1]
Душан Биланџиќ, советникот на Туѓман кој присуствовал на овој состанок, покано објавил книга во која тврди дека „целта на овој состанок била поделба на Босна и Херцеговина“.[2][3]
Тие кои негираат дека постоел некаков договор го кажуваат фактот дека немало никаков пишан документ на тој состанок. Хрвоје Шариниќ, советникот за надворешни работи на Фрањо Туѓман, кој воедно присуствувал на тој состанок, иницијативно повеќепати негирал дека постоел каков било договор за поделба на БиХ, со Милошевиќ.[4][5][6][7][8] Без предвид дали вистина бил постигнат договор помеѓу Слободан Милошевиќ и Туџман или не,преговорите сепак се одржувале во март 1991 година. Во тоа време Југославија де факто сѐ уште постоела (25 април 1991) Словенија прогласува независност и подпаѓа под кратката десетдневна војна со ЈНА. Додатна информација во сета оваа приказна е политиката на Хрватска и претседателот Туџман кон Босна и Херцеговина, која никогаш не била крајно одредена и јасна. А без сомнение вклучувала големата желба на Туџман за припојување на деловите на БиХ со Хрватско мнозинство, ако се распадни таа држава. Поради меѓуетничката напнатост во БиХ распадот бил опасно блиску.[9]
Доколку навистина постоел каков било цврт договор за поделба на БиХ,тој бил брзо напуштен од тој момент кога Милошевиќ го изиграл Туџман помогнувајќи го етничкото чистење на Хрватите од страната на Србите во тнр Република Српска Краина и источна Славонија исто како и тешките напади на подрачјето во околината на Дубровник.