Состави на репрезентациите на Европското првенство во фудбал 2016
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
За Европското првенство 2016, секоја од 24-те национални екипи мора да предаде список од 23 играчи - од кои три мораат да бидат голмани - до 31 мај 2016 година, 10 дена пред првиот натпревар на турнирот. Во случај кога некој играч од веќе предадениот список страда од повреда или болест, може да биде заменет пред првиот натпревар на турнирот на неговиот тим, но само доколку докторот на екипата и еден доктор од Медицинскиот комитет на УЕФА потврди дека повредата или болеста е доволно силна за да го спречи учеството на играчот на турнирот.[1]
Матична статија: Европско првенство во фудбал 2016.
На наведениот список возраста на секој играч е регистрирана до 10 јуни 2016 година, првиот ден од турнирот. Бројот на настапи наведени за секој играч не ги вклучува натпреварите што следуваат по почетокот на Евро 2016. Во списокот на клубови регистриран е клубот за кој играчот последен пат играл официјален натпревар пред почетокот на турнирот. Националноста за секој клуб се одразува на националната асоцијација (не лигата) со која е поврзан клубот.