Сожалување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сожалување — чувство на тага и сочувство предизвикано од страдање и несреќа на друг. Тоа е тага како реакција на чувствата на другите, а лицето кое чувствува сожалување најчесто ги нема истите чувства како сожалуваната личност. Може да се чувствува сожалување без сочувство. Всушност, сожалувањето би можело да значи дека не сте во иста емотивна состојба како сожалуваната личност.[1]
Самосожалувањето е сожалување насочено кон себе.
Се разликуваат два вида на сожалување: добронамерно и презирно. Со презирното сожалување, кое не е искрено и се користи за навреда, се тежнее да се искажат чувства на супериорност, омаловажување на другиот или презир.[2]
Психолозите забележале дека сожалувањето како чувство почнува да се јавува уште во раното детство - кога доенчето почнува да се идентификува со другите.[3]