Смојмирово
село во Општина Берово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Берово From Wikipedia, the free encyclopedia
Смојмирово — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово. Населението изнесува 526 жители.
Смојмирово | |
Поглед на Смојмирово | |
Координати 41°43′59″N 22°51′0″E | |
Регион | Источен |
Општина | Берово |
Област | Малешевија |
Население | 526 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2330 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01013, 01513 |
Надм. вис. | 850 м |
Смојмирово на општинската карта Атарот на Смојмирово во рамките на општината | |
Смојмирово на Ризницата |
Селото се наоѓа во средишниот дел на областа Малешевија, на територијата на Општина Берово, недалеку од градот Берово, сместено на патот Берово-Пехчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 850 метри. Од градот Берово е оддалечено 4 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 638 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на шумите 116 хектари.[2]
Во XIX век, Смојмирово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
На 7 октомври 1944 година во борбата против германските фашисти кај селото Смојмирово загинал македонскиот поет Ацо Караманов.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смојмирово имало 560 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смојмирово имало 760 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Селото е големо, без некои големи промени во населеноста и е населено со македонско население. Така, Смојмирово во 1961 година имало 854 жители, а во 1994 година 825 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Смојмирово живееле 765 жители, од кои 764 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 526 жители, од кои 511 Македонци, 1 останат и 14 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 560 | 760 | 727 | 796 | 854 | 827 | 812 | 828 | 825 | 765 |
Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Смојмирово, во која единствено село било Смојмирово.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Смојмирово се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Ратево.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Во селото постои избирачко место бр. 0016 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 566 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 545 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.