![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/ae/DK-Maccabi_%252811%2529.jpg/640px-DK-Maccabi_%252811%2529.jpg&w=640&q=50)
Славиша Јокановиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Славиша Јокановиќ (роден на 16 август 1968 година ) — српски поранешен фудбалер кој настапувал во касните 80- ти години и раните 90-ти години, а моментално е менаџер на англискиот фудбалски клуб Фулам.
Славиша Јокановиќ | |||
---|---|---|---|
![]() Јокановиќ како менаџер на Макаби Тел Авив во 2015 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Славиша Јокановиќ [1] | ||
Роден на | 16 август 1968(1968-08-16) (55 г.)[1] | ||
Роден во | Нови Сад, СФР Југославија | ||
Висина | &100000000000001910000001,91 м | ||
Позиција | средиштен играч | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фулам (тренер) | ||
Младинска кариера | |||
1985–1986 | Нови Сад | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1986–1988 | Нови Сад | 35 | (5) |
1988–1990 | Војводина | 54 | (10) |
1990–1993 | Партизан | 61 | (20) |
1993–1995 | Овиедо | 62 | (12) |
1995–1999 | Тенерифе | 123 | (17) |
1999–2000 | Депортиво Ла Коруња | 23 | (2) |
2000–2002 | Челзи | 39 | (0) |
2003–2004 | Мурсија | 6 | (0) |
Вкупно | 403 | (66) | |
Репрезентација | |||
1991–2002 | Србија | 64 | (10) |
Тренер на екипи | |||
2007–2009 | Партизан | ||
2012–2013 | Муангтонг Јунајтед | ||
2013 | ПФК Левски (Софија) | ||
2014 | Херкулес | ||
2014–2015 | Вотфорд | ||
2015 | Макаби Тел Авив | ||
2015–2018 | Фулам | ||
2019-2021 | Ал Гарафа | ||
2021 | Шефилд Јунајтед | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари |
Физички спремен играч, со одрдени вештини, но и со одлична способност во воздухот, многу важен играч од средниот ред[2] кој имресивно настапувал за Партизан пред да помине 7 години во шпанската Ла Лига со три различни клубови, настапувајќи на 208 натпревари и постигнувајќи 31 гол, главно за Тенерифе.Тој исто така настапувал две години за Челзи кон крајот на неговата кариера, и ја претставувал репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Светското првенство во Франција 1998 година и Евро 2000, при што забележал 64 настапи со десет постигнати голови.
Јокановиќ својата тренерска кариера ја започнал во 2007 година, како тренер на Партизан со кој ја освоил двојната круна во српското првенство, но не успеал да се квалификува во Лигата на шампионите. Во 2012 година тој ја продолжува тренерската кариера во Таи лигата како тренер на Муангтонг Јунајтед каде што му ја донел третата титула во историјата на клубот без пораз во првенствениот циклус. Во јули 2013 година, Јокановиќ го преземам бугарскиот фудбаски тим Левски Софија.[3] Тој бил ослободен од должностите во октомври, поради лошите резултати, но клупските поддржувачи тврделе дека треба да му се даде време за да се променат работите.[4]
На 5 мај 2014 година, шпанскиот фудбалски клуб ФК Херкулес потврдил дека Јокановиќ ќе го предводи клубот до крајот на сезоната, заменувајќи го Кике Ернандес кој добил отказ после завршувањето на последната позиција во шпанската Сегунда во тој дел од сезоната.[5] Тој само еднаш успеал да дојде до победа во петте натпревари во сезоната 2013–14 година.[6]
На 7 октомври 2014 година, Јокановиќ бил именуван за тренер на Вотфорд кој тогаш настапувал во англискиот Чемпионшип како четврти тренер од почетокот на сезоната. Тој добил краток договор да ја води екипата до крајот на сезоната.[7] Под негово водство, Вотфорд бил промовиран во Премиер лига со една одлична игра со скор од 15 победи на 20 натпревари;[8][9] На 5 јуни 2015 година, откако не успеал да се согласи на нов договор со управата, тој ја напуштил клупата и бил заменет од страна на Кике Санчес Флорес.[10]
На 14 јуни 2015 година, Јокановиќ бил назначен за тренер на Макаби Тел Авив. На 25 август, тој во третото коло од квалификациите на Лигата на Шампионите успеал да го внесе клубот во групната фаза во Лигата на Шампионите за првпат по 11 години, по елиминацијата на Базел.[11]
Улогата на Јокановиќ траела повеќе од шест месеци кога тој избрал да се врати во англискиот Чемпионшип, приклучувајќи сеФулам на 27 декември 2015 година.[12] По обезбедувањето на опстанок во сезоната 2015-16, во новата сезона тој ја постави целта на тимот да биде на првите шест места во лигата како би обезбедиле повраток во Премиер лигата или најмалку квалификации за неа.[13]