From Wikipedia, the free encyclopedia
Фрактура на ребро е кршење или напукнување на една или повеќе коски од кои се состои градниот кош.
Скршеница на ребро | |
---|---|
Специјалност | Q21532019 |
На првото ребро ретко се појавува фрактура поради неговата заштитена позиција зад клучната коска. Сепак, ако се скрши, може да настане сериозно оштетување на мрежата од нерви, односно брахијалниот плексус и крвните садови во клучната коска. Поголема е веројатноста дека фрактурите на првиот и вториот пар ребра се поврзани со повреди на главата и фацијални повреди, отколку со фрактури на други ребра.
Средните ребра се оние кои најчесто напукнуваат. Фрактури обично се јавуваат од директни удари или индиректни тешки повреди. Најслабиот дел на едно ребро е неговиот преден дел, но фрактура може да настане секаде. Ребра на кои најчесто се појавуваат фрактури се седмото и десеттото.
Фрактура на ребрата кои се наоѓаат најниско може да предизвика компликации и потенцијални повреди на дијафрагмата, кои може да резултираат со дијафрагмална хернија.
Фрактура на ребрата е доста болен процес бидејќи ребрата мора да се движат за да се овозможи дишење. Дури и мала пукнатина може да предизвика воспаление на некоја тетива и да предизвика парализа на раката.
Кога повеќе ребра се скршени на повеќе места тогаш деловите од скршената коска се одделуваат од остатокот на градниот кош.
Фрактура на ребрата може да настане без директна повреда, а да се забележи по долготрајна кашлица или при спортување, на пример, веслање и голф (најчесто кај атлетичари). Фрактури може да настанат и како последица од болести како што се рак или инфекции (патолошки фрактури).
Следниве симптоми често укажуваат на скршени ребра:
Бидејќи децата имаат пофлексибилен ѕид на градниот кош за разлика од возрасните, поголема е веројатноста нивните ребра да се свиткаат отколку да се скршат. Затоа појавата на фрактури на ребра кај деца е доказ за употреба на голема сила или укажува на повреди на градниот кош, како што е белодробна контузија. Фрактура на ребрата е знак и за многу посериозни повреди кај постари лица.
Не постои посебен третман за фрактура на ребрата, но може да се преземат разни мерки за лекување. При едноставни фрактури на ребрата, болката може да доведе до намалено движење и потиснување на кашлицата, а ова пак може да предизвика појава на секундарна инфекција на градниот кош. Ова може да се избегне со соодветна аналгезија.
Одделување на градниот кош претставува повреда која потенцијално му се заканува на човековиот живот. Оваа повреда и фрактурата на првото ребро се многу сериозни повреди кои треба да поттикнат почеста проверка на белите дробови.
При спонтаните фрактури кај спортистите често се бара престанок на причината поради која настанала фрактурата, на пример, паузирање од веслање, но притоа треба да се одржува кардиоваскуларното здравје во форма.
Опции за внатрешно зацврстување/обнова на ребрата вклучуваат:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.