Си (река)
река во јужна Кина From Wikipedia, the free encyclopedia
река во јужна Кина From Wikipedia, the free encyclopedia
Си (кинески: 西江, пинјин: Xī Jiāng, Сиѓанг; кантонски јитпинг: Sai1 gong1, Сајгунг) или Западна Река — река во јужна Кина, западна притока на Бисерната Река. Се образува со слевањето на реките Гуеј и Син во Вуџоу, Гуангси. Реката потоа тече на исток низ покраината Гуангдунг, и навлегува во делтата на Бисерната Река веднаш источно од клисурата Лингјенг во Џаоќинг. Главниот тек на Си тече на југоисток низ делтата и се влева во Јужнокинеското Море кај Модао Мен, веднаш западно од Макао. Поважни градови по течението на Си се Вуџоу, Џаоќинг и Ѓангмен.
Си | |
---|---|
Си во Џаоќинг | |
Системот на Бисерната Река со реката Си | |
Изворно име | 西江 (кинески) |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Гуеј и Син во Вуџоу |
Устие | |
• место | делта на Бисерната река, Јужнокинеско Море |
Проток | |
• просечен | 7.410 м3/с[1] |
Особености на сливот | |
Притоки | |
• леви | Хе |
Другите две крупни притоки на Бисерната Река се Дунг (Источна Река) и Беј (Северна Река).
Си е пловна долж целото течение и претставува важна стопанска сообраќајница во јужна Кина, поврзувајќи ги градовите на делтата со внатрешноста на земјата. Пред повеќе од илјада години е прокопан каналот Лингќу, кој го поврзува сливот на Си (реката Ли, притока на Гуеј) со реката Сјанг, која се влева во Сината Река (Јангцекјанг), образувајќи непрекината сообраќајница од делтата на Бисерната Река до долината на Сината Река.
Целиот речен систем на Си е најголемиот меѓу сите притоки на Бисерната река. Долг е 2.197 км и има втор најобемен проток во Кина, веднаш по Сината Река. Служи за водоснабдување на многу места во Гуангси, Гуангдунг и Макао.
Постои и друга река со истото име, но таа е мала притока реката Ѓулунг северозападно од Сјамен.
Речен систем на Си (закосени се реките што течат вон Гуангси) | ||||
---|---|---|---|---|
Фучуан (富川江) | Хе (贺江) | Си (西江) | ||
Ли (漓江) | Гуеј (桂江) | |||
Бејпан (北盘江) | Хунгшуеј (红水河) | Ќен (黔江) | Син (浔江) | |
Нанпан (南盘江) | ||||
Жунг (融江) | Љу (柳江) | |||
Лунг (龙江) | ||||
Јоу (右江) | Јунг (邕江) | Ју (郁江) | ||
Ѕуо (左江) |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.