Системски лупус еритематозус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Системски лупус еритематозус, честопати скратено и како СЛЕ или лупус е автоимуна болест на сврзното ткиво која што може да го зафати секој дел од телот. Како што е случајот и кај другите автоимуни болести, имуниот систем ги напаѓа сопствените клетки и ткива водејќи до воспаление и ткивно оштетување. Претставува реакција на преосетливост од тип 2 и тип 3 во која парови од антитело-антиген (имуни комплекси преципитираат и предизвикуваат додатна имуна реакција.
Системски лупус еритематозус | |
---|---|
Синоними | Лупус |
Млада жена со типичен „пеперугаст осип“ кој се јавува при лупус | |
Специјалност | Ревматологија |
Симптоми | болни и отечени зглобови, треска, болка во градите, губење на коса, чири на устата, отечени лимфни јазли, чувство на замор, црвен осип |
Вообичаена појава | од 15–45 години |
Времетраење | Долготрајно |
Причинители | Нејасни |
Дијагностички метод | Во зависност од симптомите и крвните тестови |
Лекови | НСАИЛ, кортикостероиди, имуносупресиви, хидроксихлорохин, метотрексат |
Прогноза | 15 годишно преживување ~80% |
Честота | 2–7 на 10,000 |
Системскиот лупус еритематозус (СЛЕ) се дефинира како континуирано нарушување на имунолошкиот систем, при што клетките на имунолошкиот систем влијаат врз сопствените здрави ткива, предизвикувајќи воспаление и оштетување на ткивото. Името „системски лупус еритематозус“ потекнува од почетокот на дваесеттиот век. „Системски“ значи напад на многу органи. Зборот „лупус“ потекнува од латинскиот збор „волк“ и се однесува на карактеристичниот осип на лицето во форма на пеперутка, кој наликува на белите шари на главата на волкот. „Еритема“ на грчки значи црвено и се однесува на црвенилото на осипот на кожата. СЛЕ е распространет низ целиот свет. Се чини дека болеста е почеста кај деца со афро-американско, шпанско, азиско и чисто американско потекло. Во Европа, СЛЕ се јавува кај околу 1 од 2.500 луѓе и околу 15 % од овие пациенти се дијагностицираат пред да наполнат 18 години. [1]
Почетокот на СЛЕ е редок пред 5-та година од животот и е невообичаен пред адолесценцијата. Кога болеста се манифестира пред 18-годишна возраст, педијатрите користат различни имиња: педијатриски СЛЕ, јувенилен СЛЕ и СЛЕ во детска возраст. Најчесто, жените се разболуваат на возраст кога можат да раѓаат (15-40 години). Во таа група, односот на жени и мажи е 9:1. Кај помладите деца, пред пубертетот, мажите се разболуваат почесто, т.е. 5 пати почесто од жените
СЛЕ најчесто ги оштетува срцето, зглобовите, кожата, белите дробови, крвните садови, црниот дроб, бубрезите и централниот нервен систем. Текот на болеста е нпредвидлив, со периоди на влошувања и повлекувања. Болеста се појавува деветпати почесто кај жените наспроти мажите, особено кај жени во репродуктивна возраст меѓу 15 и 35 години, а е исто така почеста и кај тие од неевропско потекло.