Сипи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сипи (еднина: сипа;[1] науч. Sepiida) или сепии (едн. сепија[2]) — ред главонози мекотели. Ги населуваат крајбрежните води на длабочина до 200 м, како и морските сливови со висока соленост во земјите на суптропските и тропските климатски зони. Нејзиното тело достигнува до 25 см, а на гигантската (Sepia apama) до 50 см, издолжено и грбно-цревно сплескано, со хоризонтални стабилизатори на страните. Во зависност од подлогата, бојата се менува. Зениците на сипата имаат облик на буквата W. Устата се наоѓа на предниот крај, опкружена со 10 пипала, од кои две се подолги од другите и се наоѓаат на крајот. Сипата се одликува со добро развиена мастилна жлезда, која произведува мастилна течност — сипина боја. За да се заштити од опасност, сипата ја исфрла оваа мастилна боја и на тој начин образува димна завеса (покривка од непријатели).[3][4]