From Wikipedia, the free encyclopedia
Сината Пештера (хрватски: Modra špilja) ― подводна морска пештера сместена во мал залив наречен Балун (Бал на месно наречје), на источната страна на островот Бишево и околу 8.3 км од Комижа, на хрватскиот Јадран. Сместена е во средишниот далматински архипелаг, 5 км југозападно од островот Вис. Пештерата е едно од најпознатите природни убави места на Јадранот и популарна ревијална пештера поради блескавата сина светлина што се појавува во одредени периоди од денот.[1]
Сина Пештера | |
---|---|
Modra špilja | |
Сината Пештера | |
Место | Бишево, Хрватска |
Длабочина | 10–12 м |
Должина | 24 м |
Геологија | Морска пештера |
Пристап | Со чамец |
Прво опишана и насликана од баронот Ојген фон Ренсоне, пештерата првично била достапна со нуркање, бидејќи имало природен влез под нивото на морето. Врз основа на неговиот предлог, во 1884 година бил изграден вештачки влез, доволно голем за мали чамци.
За природниот влез во пештерата, сместен на нејзината јужна страна, се вели дека наликува на свод на таван на пештера. Токму преку овој налик на подморнички отвор на таванот на пештерата, влегува сончевата светлина и создава ирицентен син блескав ефект околу пештерата. Исто така, камен столб, кој поврзува два sида на пештерата, е јасно видлив веднаш под водната линија, како на фотографии над вода, така и на фотографии под вода.
Во зависност од годишното време, идеалниот момент за посета на пештерата е помеѓу 11 часот наутро и 12 часот напладне.[2][3] Во ова време од денот, сончевата светлина се одбива низ водата што доаѓа од белиот под на пештерата и ја покрива пештерата со подводна светлина, додека предметите во водата се чини дека се сребрени.[4] Сината Пештера (италијански: Grotta Azzurra) на островот Капри во Италија е исто така позната по овој вид на феномен.
Пештерата била создадена со брановото дејство на морето, бидејќи морската вода ја еродирала варовничката карпа од која е составен целиот остров Бишево. Самата пештера е долга 24 метри, длабока 10-12 метри и висока до 15 метри, додека влезот во неа е со висина од 1.5 и ширина од 2.5 метри.
Пештерата има повеќе од 10.000 туристички посети секоја година, а туристичките чамци често вклучуваат посета на друга слична пештера на островот, Зелена Пештера (хрватски: Zelena špilja), која е поголема и се чини дека е со смарагдно-зелен тон поради сличен ефект.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.