![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1b/Synapse_Illustration_unlabeled.svg/langmk-640px-Synapse_Illustration_unlabeled.svg.png&w=640&q=50)
Синапса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Синапсата претставува функционална врска меѓу две надразливи клетки чии цитоплазми градат електрогени (електросоздавачки) мембрани.
Според локализацијата во организмот синапсите се делат на централни и периферни. Функцијата на централните синапси се состои во создавање на врски меѓу нервните клетки во централниот нервен систем. Синапсите се наоѓаат во сивата маса на централниот нервен систем.
Централните синапси се делат на:
- аксо - соматски синапси остваруваат контакт меѓу телото на едната нервна клетка со аксонот од другата нервна клетка;
- аксо - дендритиски синапси ги поврзуваат аксоните со дендрити од невронот;
- аксо - аксонски синапси создаваат врска меѓу аксоните на нервните клетки.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1b/Synapse_Illustration_unlabeled.svg/640px-Synapse_Illustration_unlabeled.svg.png)
Многубројните врски меѓу невроните што се остваруваат преку централните синапси овозможуваат сложена координација и интеграција на рефлексната активност на организмот.
Постојат два вида периферни синапси - мионеврални и невроепитеријални. Мионевралните синапси или моторните плочи претставуваат формации во кои се остварува функционална врска меѓу аксонот од моторниот неврон и мускулното влакно. Преку невроепитеријалните синапси се врши регулација на работата на жлездените ткива во организмот.
Во мионевралните синапси постојат три основни структури: пресинаптичка мембрана, синаптичка пукнатина и постсинаптичка мембрана.