From Wikipedia, the free encyclopedia
Сивото свраче (науч. Lanius collurio) е месојадна врапчевидна птица од семејството на сврачињата Laniidae. Таа е честа птица во Македонија.
Сиво свраче | |
---|---|
Возрасен мажјак | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Сврачиња |
Род: | Lanius |
Вид: | Сиво свраче |
Научен назив | |
Lanius collurio Linnaeus, 1758 | |
Сивото свраче е долго 16-18 см. Има изразен полов диморфизам. Мажјаците одозгора се црвеникави, одоздола слевтли со нијанса на розово, имаат сива капа, на опашката црно-бела шара и имаат карактеристична силно изразена црна линија преку окото. Женките и младенчињата одозгора се кафеавкави, а одоздола посветли со многу брановидни шарки.
Оваа птица е преселница на долги растојанија и се храни со големи инсекти, мали птици, жаби, глодачи и гуштери. Како и другите сврчаиња, таа лови од видно место за перчење и го закачува пленот на трн или на жица. Оваа навика ѝ го донела прекарот „касапска птица“.
Сивото свраче се размножува речиси низ цела Европа и западна Азија, а зимува во тропска Африка. Во Велика Британија, некогаш птицата била вообичаена и честа, но нејзиниот број нагло се намалил во текот на 20 век. Во 1988 било последното гнездење, а следната година немало ниту еден пар. Оттогаш се појавуваат по 1 или 2 пара, кои во 2011 имале 7 пилиња, а следната 2012 ниту едно.[2][3]
Гнездото го прават на дрвја, во грмушки и ретко на земја. Тоа е силно, обично добро опфатено во крошната на дрвото. Најчесто несат 5-6 јајца, ретко 4 или 7. Ги инкубира само женката, а мажјакот ѝ носи храна. Тој агресивно се однесува кон грабливците за да го заштити гнездото, па дури може да нападне луѓе.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.