From Wikipedia, the free encyclopedia
Серхио Херман Ромеро (роден на 22 февруари 1987 година во Бернардо де Иригојен) — аргентински фудбалер, голман на Манчестер Јунајтед и на аргентинската репрезентација.
Серхио Ромеро | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 22 февруари 1987 | ||
Роден во | Бернардо де Иригојен, Аргентина | ||
Висина | м[1] | 1,92||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Јунајтед | ||
Број | 20 | ||
Агент | Мино Раиола | ||
Младинска кариера | |||
Алмирнате Браун | |||
К.А.И. | |||
Расинг Клуб | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006–2007 | Расинг Клуб | 5 | (0) |
2007–2011 | Аз Алкмар | 90 | (0) |
2011–2015 | Сампдорија | 72 | (0) |
2013-2014 | → Монако | 3 | (0) |
2015- | Манчестер Јунајтед | 6 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2009- | Аргентина | 87 | (1) |
* Ажурирано на: 16 мај 2010 ** Ажурирано на: 18 ноември 2008 |
Серхио пораснал во сиромашно семејство во Бернардо де Иригојен, во текот на една економска криза во Аргентина. Има двајца постари браќа Фернандо и Диего кој се кошаркари, а тој поради неговиот помал раст во споредба со нив го заработил прекарот chiquito што значи мал.
Во 2008 се оженил со аргентинската танчерка Елиана Гуерсио, која е речиси десет години постара од него, со која добиле ќерка на 15 февруари 2010, по име Хасмин.[2][3] На 15 септември 2012 во Буенос Аирес се родила неговата втора ќерка Кло.[4]
Ромеро ја започнал својата професионална кариера во Расинг Клуб Авељанеда, откако со нив го потпишал својот прв професионален договор на возраст од 19 години во 2006 година. Тој исто така е навивач на Расинг Клуб.
Ромеро поминал низ младинските категории на Алмиранте Браун, К.А.И. и Расинг Клуб, пред да го направи своето деби за првиот тим на Расинг на 11 февруари 2007, во натпреварот од Примера Дивисион Нуева Чикаго-Расинг 1-1, играјќи ги сите 90 минути. Својата прва сезона како професионалец ја завршил со 5 настапи за Расинг во Примера Дивисион.
По завршувањето на неговата прва сезона во Расинг, во летото 2007 година Ромеро направил трансфер во холандскиот клуб Аз Алкмар во времето кога тие биле предводени од страна на Луј ван Гал, за сума од 1,5 милиони евра. Своето деби за новиот клуб го направил на 30 септември во поразот со 2-1 од Хераклес Алмело. Неговиот деби настап во евро турнирите дошол на 4 октомври, во ремито без голови (0-0) на домашен терен против Пасош де Фереира во Купот на УЕФА. Подоцна имал уште еден настап во групната фаза на ова натпреварување, кога голманот Бој Ватерман бил повреден, Ромеро го заменил на голот и му помогнал на својот тим да го победи кипарскиот АЕЛ Лимасол со 1-0. За првпат во првенствен натпревар, Ромеро ја сочувал својата мрежа сува на 23 февруари 2008, во натпреварот против Твенте што завршил 0-0. По серијата на слаби перформанси и големи грешки на Ватерман, ван Гал го избрал токму Ромеро да биде единица на клубот до крајот на сезоната (прв голман). Аз Алкмар потполно разочарал завршувајќи ја сезоната дури на 11-тото место во лигата. Во својата прва сезона (2007-2008) во Холандија, Ромеро направил 12 настапи, иако првично бил дури трет избор на голманската позиција зад Бој Ватерман и Џој Дидулица.
Ромеро ја зачувал својата мрежа празна во 18 натпревари следната сезона, сè до моментот кога тој ја скршил раката удирајќи во шкафчето во тимската соблекувална по фрустрацијата што ја искалил по поразот во четвртфиналето на купот од НАК Бреда. Во април, со Аз станал шампион на Холандија, откако во 31-вото коло од првенството тие математички ја осигурале титулата на три кола пред крајот на сезоната. Тој се вратил во акција кон крајот на април истата сезона и благодарение на него АЗ Алкмар примил само 22 гола за целата сезона, девет помалку од следниот тим на табелата во оваа категорија. Ромеро поставил и личен рекорд во кој не примил гол во 950 минути и на тој начин ја поставил четвртата најдолга серија на голманите без примен погодок.
Откако одиграл уште две сезони како прв голман на Аз Алкмар, на 22 август 2011, решил да ја промени клупската средина потпишувајќи за италијанската Сампдорија, која во тој момент се натпреварувала во Серија Б, за необјавена сума која се проценува на 3.500.000 €. Своето деби го направи на 26 август во натпреварот против Падова, но набргу потоа се повредил во натпреварот против Албинолефе одигран во септември. Еден месец подоцна се вратил во акција и бил постојано присутен на голот на Самп како еден од најзаслужните играчи за промоцијата во Серија А. На 21 април 2012, го одбранил својот прв пенал во кариерата, бранејќи го ударот на Ален Бакле, во натпреварот Виченца-Сампдорија 1-1. Сезоната ја завршил со 29 настапи во првенството и еден во баражот за промоција.
На 26 август 2012, дебитирал со Сампдорија во Серија А и успеал да ја сочува својата мрежа во првото коло за сезоната 2012-2013, кога Сампдорија го победила Милан со 1-0 на гости.
Ромеро ја претставувал Аргентина на младинско првенство на Јужна Америка во 2007 година во Парагвај и на Светското првенство до 20 години во Канада, за потоа на 8 август 2007 година Ромеро првпат да биде вклучен во аргентинската селекција за пријателските натпревари против Норвешка и против Австралија, кој Аргентина, исто така, ги доби. Тој одлично го заменил повредениот Оскар Устари на Летните лимписки игри каде Аргентина го освојува златото победувајќи во финалето на турнирот.
Ромеро бил повикан да дебитира во сениорската селекција во времето кога на селекторската функција бил Диего Марадона, а дебито го прави на 9 септември 2009 во победа од 1-0 во квалификационен натпревар за Светското Првенство 2010 против Парагвај. Аргентина се пласираше на светското првенство, а тој играше во сите пет натпревари на неговата селекција која ги заврши настапите во четвртфиналната фаза.
Ромеро беше дел и од тимот на Серхио Батиста на Копа Америка 2011.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.