![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/df/Serge_Haroche_1_2012.jpg/640px-Serge_Haroche_1_2012.jpg&w=640&q=50)
Серж Арош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Серж Арош (француски: Serge Haroche), (Казабланка, 11 септември 1944 )[1] — француски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 2012 година заедно со Дејвид Вајнленд за „важните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи“, проучување на честичката на светлината, фотон.[2][3][4] Од 2001 година, Арош е професор на Францускиот колеџ и ја држи катедрата за квантна физика. Во 1971 година тој ја завршил својата докторска работа за физика на Парискиот универзитет VI, неговото истражување било под менторство на Клод Коен-Тануџи.[5]
Кратки факти Серж Арош, Роден(а) ...
Серж Арош | |
---|---|
![]() Серж Арош во Стокхолм (2012) | |
Роден(а) | 11 септември 1944(1944-09-11) (79 г.) Казабланка, Мароко[1] (тогашен француски протекторат) |
Националност | Французин |
Установи | Универзитет Пјер и Марија Кири Француски колеџ |
Образование | Нормалната виша школа во Париз Универзитет Пјер и Марија Кири (Ph.D.) |
Докторски ментор | Клод Коен-Тануџи |
Поважни награди | CNRS златен медал (2009) Нобелова анграда за физика (2012) |
Страница | |
college-de-france.fr/site/en-serge-haroche |
Затвори