Сергеј Лазарев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сергеј Лазарев (руски: Серге́й Вячеславович Лазарев; 1 април 1983 година, Москва) — руски пејач, танчер, филмски и театарски актер и телевизиски презентер. Својата популарност ја стекнал како пејач на групата Smash!!. Тој бил член на групата до распадот во 2006 година, кога ја започнал својата соло кариера. Тој ја претставувал Русија на Евровизија 2016 во Стокхолм, каде што освоил 3-то место, со освоени 491 бод.[1] На 7 февруари било одлучено повторно да ја претставува Русија на Евровизија во 2019 година што се одржа во Израел.[2]