Семјуел Морз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Семјуел Финли Бриз Морз(е) (англиски: Samuel Finley Breese Morse; (27 април 1791 – 2 април 1872) — американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука.
Семјуел Ф. Б. Морз | ||
Роден | Samuel Finley Breese Morse 27 април 1791 Чарлстаун, Масачусетс | |
---|---|---|
Починал | 2 април 1872
Њујорк Сити, Њујорк на 80-годишна возраст | |
Занимање | писател, сликар, научник | |
Сопружник | Лукреција Пикеринг Вокер, Сара Елизабет Гризволд | |
Татко | ||
Родители | Џедидаја Морз и Елизабет Ен Бриз Морз |
Морз е роден во Чарлстаун, Масачусетс на 27 април 1791 година и се школува на Универзитет во Јејл. Учи да црта во Лондон и станува успешен сликар на портрети и еден од најголемите национални уметници во свое време. Истовремено бил и добар вајар.
Во 1826 година станал првиот претседател на Интернационалната Академија за Дизајн во Њујорк. Во тоа време се заинтересирал за хемиски и електрични експерименти и инструменти и започнал со правењето на електромагнетниот телеграф, што целосно успеал да го конструира и комплетира во 1836 година, кога имал 45 години. Истовремено, со самото комплетирање на оваа иновација тој измислил и кодирана азбука, која денес е позната како Морзова азбука, токму во негова чест. На 4 септември 1837 година, во присуство на поголем број научници, Морз со успех ја демонстрира работата на телеграфот.
Во 1843 година, Американскиот конгрес на Морз му одобрува 30.000 $ за конструкција на телеграфска мрежна врска меѓу Вашингтон и Балтимор, Мериленд. Линијата е успешно инсталирана една година подоцна и официјално е отворена на 24 мај 1844 година, кога Морз ја испраќа првата телеграфска порака: "What hath God wrought" („Што правеше Бог?”, Библија, Книга Броеви, 23:23).
Во 1850-тите, Морз бил многу познат како бранител на ропството во Америка.[1]
Умира на 2 април 1872 година, во својот дом, на возраст од 80 години.