From Wikipedia, the free encyclopedia
Интернет-пристапност (англ. web accessibility) е практика преку која се овозможува мрежните места да бидат достапни за луѓето кои користат широк опсег на софтверски производи и уреди-кориснички агенти, не само стандардни прелистувачи (анг. web browsers). Ова е особено важно за луѓето со хендикеп како што е нарушување на видот. Со цел да пристапат на вебот, некои корисници имаат потреба од специјален софтвер или уреди покрај стандардниот прелистувач, или специјални прелистувачи. Дизајнирањето за пристапност е поткатегорија на добриот дизајн за употребливост.
Потребите кои пристапноста треба да ги задоволи се:
Обрнувањето внимание на пристапноста при дизајнирањето мрежни места често ја зголемува употребливоста за сите корисници. Добриот дизајн исто така овозможува полесен пристап за автоматизирани софтверски програми кои ги читаат содржините на мрежните места, како на пр. за машините за пребарување.
Еден важен аспект на пристапноста е што овозможува на луѓето да пристапат до содржините на начин кој најмногу им одговара. Ова може да биде од полза за сите корисници, а не само за лицата со хендикеп: на пр. некои корисници може да сакаат да ја менуваат големината на текстот затоа што користат мал екран на мобилен телефон, или имаат потреба да ја користат тастатурата за контрола на компјутерот бидејќи немаат глувче или не сакаат да го користат. Графичките содржини воглавно се бесполезни за машините за пребарување.
Различни мрежни места повлекуваат различен степен на загриженост за пристапноста. На пример:
Многу луѓе со делумно нарушување на видот или дислексија ќе имаат потреба да ги променат боите на текстот или позадината за да може полесно да читаат. Корисниците со дислексија или ADHD ќе имаат потреба да ги запрат подвижните слики на екранот оти им го нарушуваат вниманието. Луѓе со ADHD може да бидат збунети или одвратени од мрежни места кои се богати со врски оти може да имаат потешкотии со тоа што пред нив се поставени премногу опции.
На пример, линковите кои може да се активираат само со кликнување на глувчето не може да ги користат луѓе кои ја користат само тастатурата или читач на екранот за интеракција со компјутерот. Информациите обезбедени само во аудио-формат се непристапни за глуви лица, а информациите обезбедени само во графички формати се непристапни за слепи лица.
Дизајнирањето на мрежни места во согласност со принципите на веб-пристапност е неопходно за да се обезбеди пристап за сите корисници.
Најголем дел од луѓето го користат вебот со помош на веб-разгледувач на компјутер. Други начини за пристап на вебот се личен дигитален асистент (Personal Digital Assistant - PDA) или мобилен телефон. Честа појава е машините за пребарување да пристапуваат на содржините од вебот преку специјализирана програма наречена пајак (анг. spider).
Достапна е широка палета на техники и технологии кои го олеснуваат пристапот на вебот за луѓе со хендикеп, како и за сите други корисници. Овие може да се поделат на две (неексклузивни) класи: првата е технологии што овозможуваат, наменети за надминување на хендикеп од голем размер, како слепило, а втората е технологии што помагаат, кои се однесуваат на помали нарушувања.
Технологии што овозможуваат се:
Покрај специјализираните уреди-кориснички агенти, компјутерската пристапност ја зголемуваат и низа технологии што помагаат. Овие технологии се од голема помош за луѓето со хендикеп кои го користат вебот. На пример:
Софтверот кој може автоматски да преведе содржини од еден природен јазик во друг се нарекува софтвер за машински превод. Пример за ваква апликација е Бабел фиш на Алта виста, мрежни места кој може да преведе делови текст или цели мрежни места од и на англиски и најважните европски јазици. Во општ случај, ваквите преводи се несовршени. Подобри резултати се добиваат со комерцијални софтверски пакети кои се купуваат и инсталираат директно на компјутерот на корисникот.
Арно ама, за ваквите технологии да бидат целосно ефективни при разгледувањето на вебот, од клучна важност е самите мрежни места да се дизајнирани пристапно. Како крајна цел на напорите за пристапност на содржините е универзалната пристапност, со која сите содржини од вебот би се направиле пристапни за сите луѓе, преку уреди-кориснички агенти.
Конзорциумот В3Ц (World Wide Web Consortium – W3C) ја има покренато Иницијативата за веб-пристапност (Web Accessibility Initiative - WAI) со цел да се развијат насоки и ресурси за веб-пристапност. Преку неа се обезбедуваат материјали за поддршка со кои се овозможува разбирање и спроведување на веб-пристапност.
Во 1999 година Иницијативата ги објави Насоките за пристапност на веб-содржини (Web Content Accessibility Guidelines) WCAG 1.0, кои се општоприфатени како дефинитивно упатство за како се прават пристапни мрежни места. Од 2003 година Иницијативата работи на второто издание на овие насоки, WCAG 2.0, која во моментов е во фаза на работна верзија.
Сè поголем број земји имаат воведено законски решенија кои или директно се однесуваат на потребата мрежните места и другите форми на комуникација да бидат пристапни за луѓе со посебни потеби, или се однесуваат на поопштите побарувања против дискриминацијата на луѓето со посебни потреби.
Во САД, Делот 508 од Актот за рехабилитација ги обврзува сите федерални агенции и нивните подизведувачи да овозможат на вработените и сите други граѓани со посебни потреби пристап до информациите (вклучително и мрежните места) во иста или слична мерка како пристапот овозможен за сите други. Законот Акт за Американците со хендикеп од 1990 година забранува дискриминација врз основа на хендикеп, а Делот 255 од Актот за телекомуникации од 1996 година ги обврзува производителите да ги прават телекомуникациските производи и услуги достапни во сите случаи, освен кога тоа бара надминување на значителни потешкотии или значително ги зголемува трошоците. Примената на последните два закони во однос на пристапноста е комплицирана и зависи од поставување преседани. На 7 септември 2006 година судијата Мерилин Хал Пател во случајот на Националната федерација на слепите против Корпорацијата Таргет пресуди дека продажен синџир со физички продавници може да биде тужен ако неговото мрежно место е непристапно за слепи лица.
Во 2000 година, еден слеп Австралиец доби на суд против Организациониот комитет на Олимписките игри во Сиднеј со примена на Актот против дискриминација на луѓето со хендикеп од 1992 година, бидејќи Комитетот не го направил нивното мрежно место пристапно за слепи лица. Комисијата за човекови права и еднакви можности има објавено насоки за веб-пристапност поврзани со тој закон . Сите влади на австралиските држави имаат јавни политики и насоки за пристапност на мрежните места во јавна сопственост, кои се достапни на мрежното место на организацијата Вижн Острелија Архивирано на 30 декември 2006 г..
Во Ирска, како додаток на Актот за хендикеп од 2005 година во јули 2006 година Националната управа за хендикеп објави Код на пракса за пристапни јавни сервиси Архивирано на 4 март 2007 г.. Се работи за практичен водич со кој се помага на владините служби и над 500 јавни тела да ги исполнат своите законски обврски.
Сè поголем број организации, компании и консултантски куќи нудат услуги на ревизија на пристапноста на мрежни места. Овие ревизии се еден вид испробување на системи преку кој се откриваат проблемите со пристапноста кои се присутни на дадено мрежно место и нудат совети и насоки за чекорите кои треба да се преземат за да се исправат тие проблеми.
При ваквите ревизии се користат низа методи:
Секоја од овие методи има свои јаки и слаби страни:
Во идеален случај, за анализа на пристапноста на едно мрежно место треба да се користи комбинација на сите три методи.
|date=
(help)Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.