Секира
From Wikipedia, the free encyclopedia
Секира[1][2], балта[3][4], балтија[5][6] или балтак[7][8] — орудие, составено од сечило и од рачка, наменето за работа или за борба.
Секирата е орудие кое потекнува од древни култури низ целиот свет. Таа претставува едноставен механизам со кого што може да се споредува и проследува модернизацијата на човештвото низ вековите, најпрво камената доба па бронзената доба и потоа железната доба.