Седноид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Седноид — заднептунско тело со перихел на голема далечина од работ на Кајперовиот Појас на 47,8 ае. Познати се само три вакви тела: 90377 Седна, 2012 VP113 и 541132 Лелејакухонуа (2015 TG387), но се претпоставува дека постојат многу повеќе. Сите три имаат перихели поголеми од 64 ае.[1] Лежат вон привидно празен јаз во Сончевиот Систем и не замоделуваат со други планети. Обично се групираат заедно со одвоените тела. Некои астрономи како Скот Шепард,[2] ги сметаат седноидите за тела од внатрешниот Ортов Облак, иако за внатрешниот Ортов Облак (или Хилсов Облак), првично се предвидувало дека лежи подалеку од 2.000 ае, по афелите на трите познати седноиди.
Еден обид за точна дефиниција на седноидите е било кое тело со перихел поголем од 50 ае и голема полуоска преку од 150 ае.[3][4] Меѓутоа, оваа дефиниција важи за 2013 SY99, 2014 ST373, 2015 FJ345, 2004 XR190, 2014 FC72 и 2014 FZ71, кои имаат перихел на 50,02 ае и голема полуоска од околу 700 ае но не се припаднички на седноидите, туку на истата динамичка класа како 2004 VN112, 2014 SR349 и 2010 GB174.[5]
Со нивните високозанесени орбити (над 0,8), седноидите се одликуваат од високоперихелните тела со умерена занесеност кои се во стабилна резонанција со Нептун, имено 2015 KQ174, 2015 FJ345, 2004 XR190, 2014 FC72 и 2014 FZ71.[6]