![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Pinisi_Sunda_Kelapa.jpg/640px-Pinisi_Sunda_Kelapa.jpg&w=640&q=50)
Северна Џакарта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северна Џакарта е еден од петте административни градови кој го формира регионот на Џакарта, Индонезија. Северна Џакарта ја содржи целата крајбрежна област на округ Џакарта. Во северна Џакарта, во областа каде што се влева реката Чилинг, беше главната порта на царството Таруманегара, кое подоцна станало Џакарта. Многу историски места и артефакти на Џакарта можат да се најдат во Северна Џакарта. Во градот се наоѓаат двете пристаништа на Танџунг Приок и историски Сунда Келапа. Според пописот од 2010 година градот,има 1,645,312 жители чиј административен центар е во Танџунг Приок.
Северна Џакарта | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Административен град Северна Џакарта Kota Administrasi Jakarta Utara | ||||||||
Од горе, лево кон десно: Сунда Келапа, плажата Анкол, Џамија Луар Батанг, Мост, Споменик Еревелд, Залив Џакарта | ||||||||
| ||||||||
![]() | ||||||||
Површина | ||||||||
• Вкупна | 146,66 км2 (56,63 ми2) | |||||||
Население (попис од 2010) | ||||||||
• Вкупно | 1.645.312 | |||||||
Час. појас | IWST (UTC+7) | |||||||
Мреж. место | utara.jakarta.go.id |
Северна Џакарта обилува си оригиналните природни убавини како што е шумата на манго, која при развивање на градот била делумно претворена во урбани средини. Сепак, проектот за пошумување со цел за садење мангро на површина од 400 хектари бил донесен во 2011 година и требало да заврши во 2012 година. Главната цел на проектот било да се минимизира абразивност во крајбрежната област, особено околу областа Пантаи Инда Капук.[1]
Северна Џакарта е ограничена со Јава Море на север; Бекаши на исток; Западна Џакарта , Централна Џакарта и Источна Џакарта на југ; и Танганга на запад.