Светско првенство во фудбал 2006
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското Првенство во Фудбал 2006 беше 18-тото издание на ФИФА Светското Првенство во фудбал, квадренијалниот турнир на меѓународната асоцијација за фудбал. Беше одржано од 9 јуни до 9 јули 2006 во Германија, која го доби правото да биде домаќин на настанот во јули 2000. Италија го освои своето четврто првенство, поразувајќи ја Франција со 5–3 на пенали по продолженија кои завршија со нерешен резултат 1-1. Германија ја порази Португалија со 3-1 и го освои третото место.
Кратки факти Светско првенство на ФИФА 2006 г. — Германија FIFA Fußball-Weltmeisterschaft Deutschland 2006 ...
Светско првенство на ФИФА 2006 г. — Германија FIFA Fußball-Weltmeisterschaft Deutschland 2006 | |
---|---|
Официјално лого | |
Тимови | 32 (вкупно во квалификации: 197) |
Домаќин | Германија |
Победник | Италија (4-та титула) |
Одиграни натпревари | 62 |
Дадени голови | 147 (2.37 по натпревар) |
Публика | 3,353,655 (54,091 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Мирослав Клосе - 5 гола |
Затвори
Тимовите на 198 национални фудбалски асоцијации од сите шест континенти учествуваа во квалификациониот процес кој започна во декември 2003. Триесет и два тима се квалификуваа од овој процес за завршниот турнир.