Светско првенство во фудбал 1998 - нокаут фаза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското првенство во фудбал 1998 - нокаут фаза била втората фаза на Светското првенство 1998 во Франција, после групната фаза.
Матична статија: Светско првенство во фудбал 1998.
Започнала на 27 јуни со осминафиналето а завршила на 12 јули со финалниот натпревар, кој се одиграл на Стад де Франс во Париз. Првопласираните две репрезентации од секоја група (вкупно 16) помиале во нокаут фазата каде се натпреварувале по систем на елиминација. Ако некој натпревар завршил нерешено по 90 минути игра, се играле продолженија - во кои важело правилотo златен гол - и се изведувале пенали доколку е потребно за да се одреди победникот. Исто така, се одиграл и натпревар за третото место, помеѓу двете репрезентации кој загубиле во полуфиналето.