Светлата на велеградот (филм од 1931)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светлата на велеградот (англиски: City Lights) - американски филм од 1931 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Вирџинија Черил, Хари Маерс, Флоренс Ли и Ал Ернест Гарсија.[1]
Еден скитник (го игра Чаплин), скитајчи низ градот, наидува на слепа девојка (ја игра Черил) која продава цвеќиња за да се прехрани себеси и својата баба (ја игра Ли). Со последната паричка тој купува еден цвет, а девојката си помислува дека се работи за некој убав и богат господин. Подоцна, скитникот случајно се среќава со пијан милионер (го игра Маерс) кој сака да изврши самоубиство затоа што го напуштила сопругата. Скитникот го спречува во намерата и милионерот го прифаќа како свој најдобар пријател. Меѓутоа, проблемот се состои во тоа што откако ќе се отрезни милионерот воопшто не се сеќава на скитникот.
Во меѓувреме, скитникот ја посетува девојката и таму дознава дека таа ќе биде присилно избркана од куќата ако не ја плати киријата. Истовремено, тој дознава дека некој познат лекар во Виена открил лек за слепилото. Затоа, скитникот ѝ ветува на девојката дека ќе обезбеди пари за киријата и за операцијата на очите. За таа цел, тој напрвин се вработува како чистач на улиците, а еднаш се пријавува да боксува за пари, меѓутоа ја губи борбата против посилниот противник. За среќа, тој повторно се среќава со милионерот, кој го кани скитникот во својот дом и таму му ги дава парите потребни за операцијата на девојката. Но, во домот на милионерот упаѓаат криминалци, кои го онесвестуваат милионерот. Скитникот повикува полиција, но слугата на милиниерот (го игра Гарсија) го обвинува него за кражба. Така, скитникот завршува в затвор.
По излегувањето на слобода, тој скита низ градот и случајно застанува до излогот на една цвеќарница. Сопственичка на цвеќарницата е девојката, која повеќе не е слепа. На шега, таа му подава еден цвет на скитникот, но кога ќе ја допре неговата рака, дури тогаш сфаќа кој бил човекот кој цело време ѝ помагал.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.