Сахуре
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сахуре (со значење „Оној што е блиску до Ре“, исто така познат на грчки како Сефрис, Σεφρής) бил древноегипетски фараон, втор владетел на Петтата династија, кој владеел околу 12 години во раниот 25 век п.н.е. Сахуре се смета за еден од најважните владетели од Старото Кралство, бидејќи неговото владеење било политичка и културна висока точка на Петтата династија.[20] Веројатно бил син на неговиот претходник Усеркаф со кралицата Неферхетепес II, а го наследил неговиот син Нефериркаре Какаи.
Сахуре | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сефрис (Манетон) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 13 години, 5 месеци и 12 дена, на почеток од 25 век п.н.е..[note 1], Петта египетска династија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Усеркаф | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Нефериркаре Какаи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сопружници | меретнебти[16] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деца | Ранефер ♂ (фараон со името Нефериркаре Какаи), нетјериренре ♂ (најверојанто Шепсескаре), Хоремсаф ♂, Раемсаф ♂, Какаре ♂ и Небанкре ♂[17][18] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Татко | Усеркаф | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мајка | Неферхетепес II | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Закопан | Сахурова пирамида | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Споменици | Сахурова пирамида Духот Ба на Сахуре[19] во Абусир Сончев храм Полето на Ра Палата Сјајот на Сахуре се искачи на небото |
За време на владеењето на Сахуре, Египет имал важни трговски врски со брегот на Левант. Сахуре лансирал неколку поморски експедиции во денешен Либан за да набави кедрово дрво, луѓе (можеби робови) и егзотични предмети. Тој, исто така, спровел експедиција во земјата Пунт, која донела големи количества на смирна, малахит и електрум . Сахуре е прикажан како го слави успехот на овој потфат на релјеф во неговиот храм, на кој е прикажан со дрво мирта во градината на неговата дворец, со натпис „Сјајот на Сахуре се искачи на небото“. Овој релјеф е единствен во египетската уметност на кој е прикажано кралско градинарство. Сахуре испратил дополнителни експедиции во рудниците на тиркиз и бакар во Синај. Тој, исто така, можеби наредил воени походи против либиските водачи во Западната пустина, и го вратил добитокот во Египет.
Сахуре изградил пирамида за себе во Абусир, на тој начин напуштајќи ги кралските некрополи во Сакара и Гиза, каде што неговите претходници ги граделе своите пирамиди. Оваа одлука можеби била мотивирана од присуството на сончевиот храм на Усеркаф во Абусир, првиот храм на Петтата династија. Пирамидата на Сахуре е многу помала од пирамидите од претходната Четврта династија, но декорацијата е посложена. Храмот и мртовечница од неговиот пирамидален комплекс некогаш бил украсен со над 10.000 квадратни метри фини релјефи, кои биле познати во антиката. Архитектите на пирамидалниот комплекс на Сахуре користеле столбови чиј капител има форма на палмови лисја, кои потоа станале белег на древната египетска архитектура. Исто така, познато е дека Сахуре изградил сончев храм наречен „Полето на Ра“, и иако не е најден, се претпоставува дека се наоѓа во Абусир.