From Wikipedia, the free encyclopedia
Сатеска „Тигров Скок“ (кинески: 虎跳峡; пинјин Hǔ tiào xiá) — живописен кањон на реката Џинша, првична притока во горниот дел на реката Јангце. Се наоѓа на 60 километри северно од градот Лиџјианг во покраината Јунан во југозападна Кина. Дел е од Светското наследство со име Заштитени подрачја во Народниот парк Три Напоредни Реки во покраината Јунан.[1]
Преданието вели дека името доаѓа од заробен тигар што избегал скокајќи преку реката на нејзината најтесна точка (уште широка 25 метри) со помош на карпа во средината.[2] [3]
Со најголема длабочина од приближно 3.790 метри од реката до врвот на планината, сатеската „Тигров Скок“ е една од најдлабоките и највеличествените сатески на светот. Жителите во сатеската се главно домородните Наши, кои живеат во неколку мали села. Опстанокот го обезбедуваат со одгледување жито и планинарење.
Сатеската е долга околу 15 километри и е сместена на местото каде што реката минува помеѓу 5596 метри високата Снежна Планина Жадов Змеј и 5396 метри високата Снежна Планина Хаба со низа брзаци под стрмните спили високи 2000 метри.
Реката во оваа област административно ја твори границата помеѓу Автономниот Округ Јулонг Наши, место Лиџјианг (десен брег) и Округот Шангри-Ла во Тибетската Автономна Префектура Дичинг (лев брег).
Сатеската не се смета за пловна. Во раните 1980-ти, четири речари (рафтери) се обиделе да се спуштат низ сатеската и никогаш повеќе не биле видени. Во 1986 година, првата експедиција што ја поминала сатеската речарела (рафтарела) по целата должина на Јангце, почнувајќи од високите води на реката покрај ледничкото езеро Геландандонг.[4]
Областа била официјално отворена за странски туристи во 1993 година[5], но веќе во 1980-тите привлекувала авантуристички патници. Официјалните лица планираат да ги подобрат постојните патеки и патишта, да донесат туристички автобуси и повеќе развој. Овие нацрти предизвикуваат различни реакции кај месното население, кои се движат од силно противење до силна поддршка.
Природни кристали се ископуваат во и околу сатеската „Тигров Скок“.
Климата во сатеската „Тигров Скок“ е блага, со обилни врнежи од дожд и многу сонце. Просечната годишна температура е помеѓу 13°C и 20°C, без преголеми промени од пролет до зима. Во лето температурата паѓа помеѓу 10 - 26 ° C заради постојан дожд. Во зима високите планини го спречуваат студениот воздух од северна Кина, па повеќето денови се сè уште топли како во пролет.
Можно е пешачење долж сатеската. Пешачката патека („висок пат“), долга околу 22 километри, е добро одржувана и обележана, иако понекогаш е тесна, а понекогаш непроодна поради обилните дождови, а Нашиите ја користат како дел од секојдневниот живот. Овој пат е подолг од „долниот пат“, но е поразоден. Се одликува со разновидни микроекосистеми, водопади и бројни планинарски куќи. Планинарските куќи не се добро загреани, што во спој со непредвидливата природа на високите планински временски услови го прави ова патување да не се препорачува за време на сезоната на дождови.
Долниот пат, кој започнува на околу 195 км од Чјаовтој низ сатеската, е дел (до неодамна едноставна мулатјера) што поминува низ неколку водопади и често е покриен со камења. Познато е дека некои делови од патот исчезнале во реката долу. Патот го следи Јангце, така што има повеќе погледи на реката и посилно чувство да се биде во сатеската отколку на „високиот пат“. Онаму каде што „високиот пат“ се спушта до долниот пат, можеме да се искачиме до реката во близина на местото на тигровиот скок, точката за која се вели дека тигарот ја прескокнал реката.[6] Во јули 2010 година, кинеската влада ја затворила сатеската за посетители бидејќи се градел нов долен пат. Како резултат на тоа, немало владини претставници кои наплаќале 50 јуани за влез на патеката. Месните жители барале 10 јуани за влез на патеката. Многу планинари сè уште одеа по „високиот пат“ и покрај затворот. Некои автобуси продолжија да сообраќаат по „нискиот пат“, иако одроните често предизвикуваа доцнење.[7]
Иако сатеската „Тигров Скок“ суштински е дел од Трите Напоредни Реки во Јунан, која од 2003 година е на Списокот на светско наследство, кинеската влада во 2004 година предложила изградба на хидроцентрала на реката Џинша. Покраинската влада на Јунан се откажала од проектот во 2007 година.[8]
Подробности за прекинатиот проект:[9] [10] Започнала изградбата на другите 12 брани од истиот проект, кои лежат веднаш надвор од границите на Светското наследство, иако тоа не било одобрено од Државниот совет.[11] Медиумите покажувале дека градската управа на Лиџјианг се откажала од стандардните процедури за да го олесни проектот.[12]
Проектот ќе премести до 100.000 луѓе на север, главно од малцинството Наши, во тибетска област со сурова клима и непознати култури како што се јачмен и компири како основна храна, речиси запирајќи го протокот на горниот дел на реката Јангце и непоправливо менувајќи го пределот на сатеската „Тигров Скок“. Проектот бил напуштен во декември 2007 година. Овој проект, исто така, бил поврзан со браната Три клисури и Проектот за пренос на вода од југ-север, што ќе предизвика голема еколошка штета и ќе уништи илјадници културни места.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.