Саса (растение)
вид растение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Саса или анемона (латински: Anemone) е род на зелјести дикотиледони растенија од фамилијата на љутичиња (Ranunculaceae). Името е изведено од грчките зборови anemos - ветар и mone - живеење, затоа што некои видови се пронајдени на ветровити места. Тоа е релативно голем род на отпорни зелјасти растенија со убави цветови. Некои имаат кртоласти корења. Живеат во умерени и ладни краишта.
Кратки факти Саса, Научна класификација ...
Саса | |
---|---|
Научна класификација | |
Семејство: | Лутичиња |
Род: | Anemone |
Затвори
Аномони растат меѓу 15 до 30 см, листови ѝ се во форма на розета, а цвеќињата можат да бидат црвени, роза и бели со шест и повеќе цветни ливчиња. Накчесто се одгледува како украсно цвеќе во дворовите и градините, а овој цвет е познат и како Адонисов цвет според бог од старогрчката митологија.