Саса
село во Општина Македонска Каменица From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Македонска Каменица From Wikipedia, the free encyclopedia
Саса — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Саса | |
Поглед на Саса | |
Координати 42°04′40″N 22°32′43″E | |
Регион | Источен |
Општина | Македонска Каменица |
Област | Осоговија |
Население | 501 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2304 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09021 |
Надм. вис. | 700-1.340 м |
Саса на општинската карта Атарот на Саса во рамките на општината | |
Саса на Ризницата |
Саса се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 700 до 1.340 м. Селскиот атар зафаќа површина од 56,1 км2.[2] Со својата површина, атарот зафаќа голем дел од долината по течението на Каменичка Река, вклучувајќи ги и нејзините извори во Осоговските Планини.
Маалата во селото се познати како: Мачкарска Маала, Черовци, Протоѓерци, Шебовска Маала, Додевци, Требешка Маала, Деровци, Портарци, Аџиска Маала, Капетанска Маала, Литовци, Рамни Дол, Букоровенци, Ризанци, Трканица, Гујновци, Сарафатска Маала, Саратска Маала, Возарци, Борчето и Тораница.
Саса како населено место води потекло многу одамна. Во средниот век, германското рударско племе Саси (Саксонци) започнале коп на руда и основале населба од каде што денеска потекнува и името на самото село. Денешниот рудник потекнува од XVII век.
Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 2.565 ха, на пасишта отпаѓаат 1.782 ха, а обработливото земјиште е на површина од 960 ха.[2]
Стопанска гранка од особено значење во селото е рударството. Во неговиот атар се сместени рудниците Саса и Тораница од коишто се ископува олово и цинк. За потребите на рудникот Саса било изградено и истоименото јаловиште.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Саса живееле 730 жители, од кои 700 Македонци и 30 Роми.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Саса имало 558 жители, од кои 552 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 6 Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 950 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Саса живеат 876 жители, од кои 874 Македонци и 2 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 501 жител, од кои 418 Македонци, 4 останати и 79 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 730 | 558 | 1.656 | 1.117 | 1.226 | 1.206 | 1.388 | 1.034 | 1.190 | 876 | 501 |
Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има амбуланта и услужни објекти.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Во селото постојат избирачките места бр. 615 и 616 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[13]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.