море From Wikipedia, the free encyclopedia
Самарско Море — мало море во рамките на Филипините, сместено меѓу регионот Бикол на Лусон и Источните Висаи.[1]
Самарско Море | |
---|---|
Снимка на Самарското Море (горе десно) | |
Самарското Море на карта | |
Подрачје | |
Координати | 11°49′30″N 124°30′00″E |
Вид | море |
Етимологија | Самар |
Се граничи со островите Самар на исток, Лејте на југ, Масбате на запад и Лусон на север. Поврзано е со Филипинското Море на север преку протокот Сан Бернандино, со Лејтскиот Залив на југоисток преку протокот Сан Хуанико, со Висајското Море на југозапад и со Сибујанското Море на северозапад преку Масбатскиот и Тикајскиот Премин. It contains Билиран Island, the islands of Алмагро, Марипипи, Санто Нињо, Дарам и Тагапул-ан.
Самарското Море е жртва на значајно осиромашување на морскиот фонд до степен на екоцид. Сè до 1981 г. во него живееле 50 видови риби застапени во стопанскиот риболов, но во рок од десет години, истите се сведени на 10, што се должи на прекумерниот риболов и примената на погубни методи (како динамит). Просечниот дневен улов во 1960-тите изнесувал 30 кг, а во 1981 г. се намалил дури на 8 кг дневно, за во 1991 г. да се сведе на само 3,5 кг дневно. Исцрпувајќи го фонндот на поголеми риби, рибарите прешле на помали видови и со тоа допуштиле огромно намножување на медузите.[2]
Обесшумувањето на приморските подрачја довело до зголемено сливање на мил од соголените планини, потрупувајќи ги коралните гребени, од кои денес само 5% се во здрава состојба. Големите количества мил довеле и до црвени плими, предизвијувајќи паралитично труење кај школките. Првата ваква плима надошла во 1983 г. и продолжила да се јавува на нередовна основа до денес.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.