From Wikipedia, the free encyclopedia
Изразот Салиски закон (латински: Lex Salica) се однесува на две сосем различни вистини.
Првиот салиски закон, според некои историчари, потекнувал од 4 век, и било кривично и граѓанско право кое важело само за Франките наречени « Салијци ». Отпрвин меморизиран и пренесуван усно, овој закон бил ставен во писмена форма на почетокот на 6 век, по барање на Хлодовик[3], крал на Франките, потоа последователно бил преправан повеќепати, сè до периодот на Карло Велики. Сепак, бројни историчари денес ја оспоруваат староста на првата верзија на законот, напишана на латински, и велат дека истиот датира од 6 век.[4]. Термините користени во пишаната верзија и применетите принципи сведочат дека овој закон се потпирал како на Римското право така и на германската традиција.
Имало најмалку осум верзии на законот а првата верзија го носела името Pactus legis salicæ и потекнувала од времето на кралот Хлодовик.
Историски, во овој закон долго време се гледал како транскрипција на германските обичаи. Меѓутоа, неговиот вовед претставува четири франкиски водачи како законодавци и ги именува градовите каде законот бил прогласен. Овие имиња се наоѓаат во нивната латинска форма во римските административни извори, што ни кажува дека Франките, прогласувајќи закон кој се применувал на територијата на империјата, биле впрочем римски офицери кои имале свои војски насекаде низ Римското Царство, а некои од нив дури и масакрирале други франкиски лиги (сојузи).
Други верзии на законот биле изработени до средината на 9 век. Законот бил проширен, изменет и адаптиран на потребите на времето. Така, за одредени членови на законот е тешко да се прецизира од кога точно потекнуваат.
Меѓу остатоците, се констатира прогресивна замена на вергилдот, систем каде казната се преговара да биде заменета со отштета исплатена на кралската власт. Политичката ситуација полека се менувала во 5 век а меровиншките кралеви сè помалку почитувале друга власт освен својата и така го зајакнувале само нивното влијание врз општеството. Во тој поглед, салискиот закон означува пренос меѓу германските структури и средновековното кралство.
Еден член од Салискиот закон ги одредува, меѓу другото, тарифите кои оптужената страна треба да ги исплати на оштетената страна:
Целта на овој член на законот, во случај на силување, било да се спречи крвната одмазда. Семејството на жртвата било обесштетувано со сума согласно извршениот злостор, « крвна отштета » (вергелд). Во случај на неисплата, избивала војна меѓу членовите на засегнатите семејства со цел да се одмазди злосторството. Законот воедно припишувал и поединецот кој ќе биде убиен заради крвна одмазда, главата да му биде забодена на кол на тврдината или на копјето на неговиот убиец со што ќе се сигнализира на властите дека правдата била задоволена.
Инцестуозните бракови исто така биле забранети :
Доколку некои се обединат во срамен брак со ќерката на неговата сестра или брат или пак на некој близок братучед, или со жената на својот брат, или на својот вујко, истите ќе бидат разделени а доколку имаат синови, тие нема да бидат легитимни наследници и ќе бидат сметани за срам
.
Во 511, во Салискиот законик објавен од страна на Хлодовик I, преносот на добрата и имотот се прави преку агнати (роднини по татко) и когнати (роднини по мајка).
Членот 62 од првата верзија (pactus) се однесува на наследството, односно на имотите (земјите) на чија полна сопственост располагала некоја семејна група. После повеќе члена кои дозволувале на жените да ги наследуваат тие земји, еден кус пасус во врска со наследните права на жените подоцна бил честопати изменуван. Впрочем:
« Si quis mortuus fuerit et filios non demiserit, si mater sua superfuerit, ipsa in hereditatem succedat. ((македонски) доколку некој почине без деца а мајка му живее, тогаш таа е наследник) » и дека « tunc si ipsi non fuerint, soror matris in hereditatem succedat. ((македонски) ако и тие исто така починат а останат сестрите на мајката, тогаш тие наследуваат) »
;
« De terra salica nulla portio hereditatis mulieri veniat, sed ad virilem sexum tota terræ hereditas perveniat. » ((македонски) што се однесува до салиската земја, ниеден нејзин дел не останува во наследство на жена, туку целото наследство на земјата преминува на машкиот пол) ».
Оваа последна формулација на пасусот од законот околу наследството се појавува во каролиншките верзии на Салискиот закон.
Точната дефиниција на изразот ‘’салиска земја” («terra salica») не се прецизира во текстот.
Белгискиот историчар Годфроа Курт зборува за „франкиска земја“ која одговара на една галска територија ситуирана меѓу Лоара и Јагленовата шума[5].
. Една хипотеза предлага дека се работи за некоја земја која се пренесува од колено на колено, или пак семеен имот, во срцето на кралството. Во секој случај, сигурно е дека изразот «салиска земја » не се однесува на целата земја (односно територија) на кралството на Салиските Франки, од проста причина што во 4 век не постоело такво гледање на нештата, односно не била иста претставата во однос на границите: законски географски граници биле оние на летските префектури кои биле под власта на римските генерали од франкиско потекло (или од други „варвари“) кои пак владееле во име на римскиот цар.
Согласно ваквите хипотези на историчарите, салиска земја, веројатно би била онаа земја во провинциите во кои Салиските Франки биле населени и служеле како Лети (сојузници и соработници на римската војска), со што впрочем и се објаснува зошто жените го немале нејзиното право со фактот дека тие не можеле да и служат на римската војска.
Целта на овој пасус во законот значи била да се осигура дека овие земји (територии), добиени благодарение на еден воен летски режим, останат во рацете на оние мажи кои се способни да војуваат.
Во 15 век, макар што Салискиот закон тогаш веќе ретко се применувал и бил паднат во заборав, се направило ново толкување на правилото околу наследството, за да се поддржат претензиите на капетинското семејството Валоа за престолот на Франција[6]. Произлезени од една помлада гранка на династијата Капети, припадниците на семејството Валоа се нашле во спротивна позиција со Плантагенетите од Англија кои, потомци на Капетите по женска линија, исто така имале претензии околу круната на Франција. Со прибегнувањето кон некакви правни толкувања на Салискиот закон од минатото, се овозможило да се оправда исклучувањето на жените од наследството и да ѝ се даде законска основа на монархијата на династијата Валоа.
Од Иго Капет па сè до Луј X, потоа, мошне кусо, на синот на последниот, Јован I, починат кусо време по раѓањето, круната на Франција непрекинато била пренесувана од татко на син со тоа што првите Капети ги презеле потребните мерки да се утврди правилото постариот син да го наследува престолот – функција што тие од изборна ја претвориле во наследна. Ова безгрижно наследство, во совршен континуитет од 987 до 1316 во кој период по еден машки наследник на секоја генерација бил спремен да го наследи својот татко, ги натерало историчарите овие генерации да ги квалификуваат како « капетинско чудо ».
Меѓу 1316 и 1328, односите на сила ќе го диктираат наследството на последните директни припадници на Капетинската династија. Тука главно станувало збор за политички избори што се правеле без да се повикуваат на стариот Салиски закон.
Така, принципот на машки наследник ќе стане еден од фундаменталните принципи на кралството на Франција[7]. Затоа наследството од 1316, а потоа и она од 1328, ќе се извршат по овој принцип: Само мажите можат да дојдат на власт, односно на престолот, и само тие можат да ја пренесуваат власта.
Добар пример за овој принцип е наследството на Анри III во 1589, кога во конкуренцијата за француската круна се јавиле повеќе претенденти. Од нив, само Анри од Навара потекнувал од кралско семејство по машка линија со што и ја добил поддршката за добивање на круната.
Во 1316, Луј X Кавгаџијата, крал на Франција и на Навара, син на Филип IV Убавиот, умира без машки наследник. Зад себе оставил една ќерка која била на мала возраст Јована II Наварска, ќерка на Маргарита Бургундска, и трудна жена, Клеменција Унгарска. Таа се породила пет месеци подоцна но нејзиниот син починал неколку дена по раѓањето. Братот на Луј X, Филип, грофот на Поатје, во тоа видел прилика тој самиот да стане крал на Франција и на Навара: склучил договор со Одо IV Бургундски, вујкото на Јована II, за овој да биде регент на сќе уште нероденото дете во случај истото да биде машко. Доколку, од друга страна, детето биде женско, тоа ќе биде исклучено од престолот исто како нејзината постара сестра, но само додека не стане полнолетна. Се чини дека со ова сепак се оставало можноста на двете девојчиња, особено на Јована, да дојдат на престолот на Франција. Меѓутоа, тоа воедно оставало простор и време Филип, грофот на Поатје да се подготви за иден крал на Франција.
Детето на кралицата Клеменција, кое се родило на 15 ноември 1316, било машко. Го добило името Јован и општо се нарекува Јован I, односно Јован I Посмртниот. Кралското дете починало неколку дена по раѓањето.
Филип тогаш ги прекршил претходните договори со Одо од Бургундија: се прогласил за крал на Франција и Навара и бил крунисан на 6 или на 9 јануари 1317, под висока воена заштита. Филип, наречен Долгиот, бил прогласен за узурпатор од страна на Агнес од Франција, мајка на Маргарита Бургундска, баба на Јована и ќерка на Свети Луј. Таа побарала да се состанат перовите а Филип V прифатил. Собрание од адвокати, благородници, и доктори на Универзитетот било свикано во февруари 1317. Филип V побарал право да изложи аргументи кои го оправдуваат неговото право да дојде на престолот на Франција [8]. Ова собрание било согласно околу изјавата дека
жена не го наследува кралството на Франција
со тоа формализирајќи ја невозможноста на било која жена да дојде на престолот на Франција, принцип кој ќе остане прифатен до денес. Во тој момент, тие сè уште не се повикувале на Салискиот закон: аргументите изложени од страна на Филип V биле во однос на степенот на неговата блискост со Свети Луј.
Филип ја добил поддршката од благородништвото : што во тој момент било доволно за остварување на неговата амбиција. На 27 март 1317, била потпишана спогодба во Лан[9] меѓу Одо од Бургундија и Филип V а Јована се откажала од нејзините претензии околу круната на Франција.
Нова криза околу наследството избила кога Шарл IV Убавиот, кој откако претходно го наследил својот брат Филип V, и самиот умрел во 1328. Неговата жена, кралицата Јована од Евре, била трудна. Се појавил истиот проблем како во 1316: требало истовремено да се назначи евентуален регент и да се подготви некое идно можно наследство на престолот. Во тој момент се чини дека жените не можеле да претендираат за наследници на круната на Франција иако сќе уште никаде немало пишан документ со кој истото се забранува. Во име на примената на принципот на давањето приоритет на машките наследници, уште веднаш биле исклучени од наследството:
Изабела Арагонска †1271 | Филип III од Франција †1285 | Марија Брабантска †1322 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Филип IV од Франција †1314 | Шарл од Валоа †1325 | Луј од Ебре †1319 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Луј X од Франција †1316 x Маргарита од Бургоња | Филип V од Франција †1322 x Јована Бургундска | Изабела x Едвард II од Англија | Шарл IV од Франција †1328 | Филип VI Француски | Филип III од Евре | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Јована II Наварска x Филип III од Евре | Јован I †1316 | Јована x Одо IV од Бургундија | Маргарита x Луј I од Фландрија | Едвард III од Англија роден во 1312 | ДИНАСТИЈА ВАЛОА | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Шарл Лошиот роден во 1332 | Филип од Бургоња роден во 1323 | Луј II од Фландрија роден во 1330 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
По смртта на кралот во 1328, четворицата претенденти за наследници на круната, признати во редот на наследството, биле следниве:
Во 1330, се наметнува во редот на наследството и Маргарита од Франција, војвотка на Бургоња, помладата сестра на претходната, во име на нејзиниот син Луј II од Фландрија, додека последните ќерки на Филип V Високиот, Изабела од Франција (†1348) и Бланш од Франција (†1358) остануваат без наследство, исто како и оние на Шарл IV, Марија од Франција (†1342) и Бланш од Франција (†1393)
Сите кандидати кои своето право го остварувале преку некоја принцеза на Франција биле тргнати од редот на наследниците на престолот поради мотивот дека жена која нема право да седне на престолот нема ни право да го пренесе тоа право. Ова оспорено наследство било една и од главните причини за почеток на Стогодишната војна. Така Филип од Валоа, братучедот на Филип IV, со првородство бил прогласен за крал на Франција под името Филип VI Француски, избран за крал од собранието на бароните (главни великодостојници во кралството на Франција). Тој и ја вратил Навара врз која немал право на наследство на нејзината легитимна наследничка, Јована II, која во 1317 се омажила за својот братучед Филип од Евре, крал на Навара под името Филип III од Навара.
Претензиите на Едвард III и на Шарл Лошиот, поради кои првите кралеви на династијата Валоа, Филип VI и Јован II Добриот, имале доста проблеми, го натерале кралот Шарл V од Франција, син и наследник на Јован II, да формулира јасно и недискутабилно правило за наследство. Под негова власт, секретарот Николај Орезмиј во својата Книга за политика, дефинира три начина за искачување на престолот:
Така, Николај Орезмиј го оправдува искачувањето на престолот на припадниците на динатијата Валоа со две средства: дека биле избрани а во истовреме и дека припаѓале на владејачка династија. Меѓутоа овие оправданија сè уште не биле доволни: воените успеси на Едвард III или на Шарл Лошиот би можеле да бидат причина за состанување на некое ново собрание на барони и избор на некој друг владетел. Во 1358, некој монах од Сен-Дени, историограф-хроничар, Ришар Леско[10] го откопал оригиналниот текст на « закон на Салиските Франки»[11]. По барање на некој советник на кралот Јован, монахот изготвил семејно стебло на кралевите на Франција, споменувајќи го овој закон [12].
Во 1378, Еврар де Тремогон, доктор по граѓанско и канонско право, во неговото дело Le Songe du Vergier, ќе бара во рамки на римското право оправдание кое се повикува на « слабоста на полот » (imbecillitas sexus). Меѓутоа, со ова оправдание не се овозможило да се оправда исклучувањето на машките припадници од женска страна, кои со фактот дека биле мажи ја немале таквата « слабост ».
Дури во 1388 членот 62, насловен De allodis, од « законот на Салиските Франки » (односно, оригиналниот Салиски Закон) бил искористен во рамки на правото на наследство. Со прибегнување кон овој член било овозможено да се тврди дека, уште во време на владеењето на Хлодовик, основоположникот на кралството, жената не можела « да добие во наследство ниеден дел од кралството », со што на некој начин било направено погрешното толкување на текст од 6 век, употребен за потребите на една кралска династија во 14 век.
После неколку колебања во првата половина на 15 век, салискиот закон кој бил реинтерпретиран од страна на правниците на Шарл V станал главен закон за наследство на престолот и еден од фундаменталните правила на кралството. Тој воведува систематско исклучување на членовите на други кралски семејства поврзани со брак со француското кралско семејство. Значи гарантира само еден француски принц да биде престолонаследник и го зајакнува националниот карактер на монархијата.
Една од главните примени на овој закон се случил во втората половина на 1580-тите години. Анри III од Франција, последниот крал од династијата Валоа, предвидел него да го наследи Анри Бурбонски, крал на Навара. Но ова наследство не се должело на фактот дека Анри од Навара се оженил со Маргарита, сестрата на Анри III ; тоа се должело на фактот дека Анри од Навара по машка прекината лоза потекнувал од кралот Луј IX (1226 -1270). Тој бил, по машка линија, најблискиот роднина на Анри III. Големите тешкотии на Анри IV на почетокот на неговото владеење (Анри III бил убиен во 1589) повеќе се врзани со верата (тој бил протестант додека мнозинството биле католици) отколку на фактот дека е далечен потомок на претходниот крал по машка линија. Тогаш, салискиот закон веќе бил толку влезен во обичаите што се чинело речиси невозможно да се избере некој друг крал а не оној којшто е пропишан согласно утврдените норми за наледување. Воедно, во првите години на 18 век, кралот Луј XIV од Франција откако остарел а бидејќи ги изгубил поголемиот број од легитимните наследници, сакал да ги измени правилата за наследство и да му овозможи на војводата од Мајна, нелегитимен а признат син да стане регент во текот на малцинството на новиот крал. Оваа одлука по смртта на кралот во 1715 била укината од страна на Парламентот на Париз бидејќи отстапувала од салискиот закон кој се сметал за « фундаментален закон на кралството », и како таков не смеел да се менува дури ни од страна на некој крал.
Системот на салискиот закон за наследство на престолот бил на сила во бројни монархистички режими.
Укинувањето на салискиот закон довело до оспорувања па дури и до повеќе граѓански војни во Шпанија, каде тој бил прифатен после искачувањето на престолот на францускиот принц Филип V во 1700. Во 1830, кралот Фердинанд VII го укинал салискиот закон за да ја воведе прагматичната санкција, со која ќерка му Изабела станала негова наследничка исклучувајќи го од престолот неговиот брат Карло. Оваа одлука довела до голема криза околу наследството во Шпанија - Првата карлова војна (1833 - 1846).
Честопати се тврди дека салискиот закон бил искористен за да се одвои Големото Војводство Луксембург од Холандија. Впрочем, по смртта на кралот Гијом III во 1890 без машки наследник, Вилхелмина од Холандија станала кралица на Холандија, додека Адолф I од Луксембург дошол на луксембуршкиот престол .
Салискиот закон бил укинат во Данска во 1953 а во Белгија во 1991. Шведска исто така го има укинато машкото првородство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.