Сакураџима
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сакураџима (јапонски: 桜 島) — активен сложен вулкан и поранешен остров во префектурата Кагошима во Кјушу, Јапонија. Лавините текови на ерупцијата од 1914 година го поврзаиле некогашниот остров со полуостровотот Осуми.
Сакураџима | |
---|---|
Сакураџима во 2009 година | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1117 м |
Координати | 31°35′N 130°39′E |
Географија | |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 1955 до август 2017 |
Вулканската активност на Сакураџима сè уште е во тек, исфрлувајќи вулканска пепел врз околината. Претходните ерупции ги изградиле белите песочни височини во регионот. Најновата ерупција започнала на 2 мај 2017 година. На 13 септември 2016 година, тим од експерти од Универзитетот Бристол и Истражувачкиот центар за вулкани Сакураџима во Јапонија сугерирал дека вулканот може да има голема ерупција во следните 30 години.
Сакураџима е стратовулкан со три врвови, Кита-даке (северниот врв), Нака-даке (централен врв) и Минами-даке (јужен врв) кој е активен.
Кита-даке е највисокиот врв на Сакураџима, кој се издига на 1.117 метри надморска височина. Планината се наоѓа во дел од Заливот Кагошима познат како Кинко-ван. Поранешниот остров е дел од градот Кагошима. Површината на овој вулкански полуостров е околу 77 км2.