Саат-кула (Ботевград)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Саат-кула (Ботевград)map

Саат-кулата во Ботевград (бугарски: Часовниковата кула в Ботевград) е симбол на градот Ботевград и дел од „100 туристички места во Бугарија“.

Кратки факти Саат-кула, Ботевграад, Општи податоци ...
Саат-кула, Ботевграад
Thumb
Саат-кулата во Ботевград
Thumb
Општи податоци
ВидСаат-кула
МестоБотевград, Бугарија
Координати42.906944°N 23.791944°E / 42.906944; 23.791944
Завршена1866
Висина30 метарs (98 ст)
Проектирање и изградба
АрхитектВуно Марков
Затвори

Историја

Thumb
Саат-кулата на грбот на Ботевград.

Саат-кулата била изградена во 1866 година, по предлог на Мидхат-паша, а го изградил мајсторот Вуно Марков од Врачеш Механизмот на часовникот го иразботил Генчо Наков, а ѕвоното било дело на мајсторот Лазар Димитров од Банско.[1]

На почетокот, на врвот од кулата имало мала дрвена куќа, од која излегувала мала фигура со фес на главата. По ослободувањето од Турците, фигурата била отстранета како турски симбол.

Во 1924 година, центарот на заедницата бил покрај кулата, а подоцна крај кулата било посадено дрво. Дрвото пораснало речиси во висина на кулата, и секоја година било украсувано како божиќно дрво. Но, според мислењето на некои стручњаци, корењата на дрвото можеле да ја урнат кулата.

Во текот на своето постоење, саат-кулата како споменик на културата претрпел бројни поправки, реставрации и други активности. Механизмот на саат-кулата бил обновен, така што денес кулата го отчукува секој поминат саат.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.