Руска авангарда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Руска авангарда – голем, влијателен бран на авангардната модерна уметност која процутела во Руската Империја и Советскиот Сојуз во периодот од 1890 до 1930 година. Некои историчари како нејзин почеток ја бележат 1850 година, а за крај ја наведуваат 1960 година. Терминот опфаќа многу поединечни, но неразделно поврзани уметнички движења кои цутеле во тоа време – супрематизам, конструктивизам, руски футуризам, кубофутуризам, заум и неопримитивизам. Со оглед на тоа што многу авангардни уметници биле родени или израснати во она што денес е Белорусија и Украина (Казимир Малевич, Александра Екстер, Владимир Татлин, Василиј Кандински, Давид Бурлјук, Александар Архипенко), некои извори зборуваат и за украинска авангарда.
Руската авангарда го достигна својот креативен врв и максимална популарност во раздобјето на Руската револуција, од 1917 до 1932 година, кога идеите на авангардата се судрија со новонастанатата државноспонзорирана насока на социјалистичкиот реализам.