Росток
From Wikipedia, the free encyclopedia
Росток (германски: Rostock) — најголемиот град во северниот дел на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Росток се наоѓа на реката Варнов; округот Варнеминде 12 километри на север од центарот на градот се наоѓа на брегот на Балтичкото Море.
Кратки факти Земја, Местоположба на Росток во Мекленбург-Западна Померанија ...
Росток | ||
Новиот плоштад во Росток | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија | |
Округ | Урбан округ | |
Градски единици | 21 градски округ | |
Градоначалник | Роланд Метлинг (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 181 км2 | |
Надм. височина | 13 м | |
Население | 209.061 (31 декември 2020)[1] | |
- Густина | 1.155 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | HRO | |
Пошт. бр. | 18001–18147 | |
Повик. бр. | 0381 | |
Портал | www.rostock.de | |
Местоположба на Росток во Мекленбург-Западна Померанија | ||
Координати | 54°5′0″N 12°8′0″E |
Затвори
Росток е дом на еден од најстарите универзитети во светот, Росточкиот универзитет основан во 1419.
Територијата на градот Росток се протега околу 20 километри долж реката Варнов до Балтичкото Море. Најголемиот дел од градот се наоѓа на западната страна на реката. На источниот дел на неговата територија се наоѓаат индустриски објекти и шумата Ростокер Хајде.