село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Росоки — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мијачија. Селото се наоѓа на Росочка Река, која извира во близина на селото.
Росоки | |
Пејзаж крај Росоки | |
Координати 41°34′0″N 20°41′39″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Маврово и Ростуше |
Население | 1 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1254 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07067 |
Надм. вис. | 980 м |
Росоки на општинската карта Атарот на Росоки во рамките на општината | |
Росоки на Ризницата |
Росоки е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Гари. Селото е оддалечено 19 километри источно од градот Дебар.
Атарот на селото зафаќа 11,1 км2.[2]
Соседни села на селото Росоки се: Селце и Тресонче од исток, Галичник од североисток, Сушица од југоисток, Лазарополе од југ, Присојница, Скудриње, Јанче и Аџиевци од запад и северозапад.
Во своите најдобри времиња, селото броело 90 куќи, а денес се останати многу помал број од овој број.[3]
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Во минатото, поради Росочка Река, која тече низ самото село, во селото постоеле голем број на воденици и валавници.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Росоки живееле 450 жители, сите Македонци.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раосоки се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 75 куќи.[6]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Росоки имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Иселувањето во Росоки започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само двајца жители според пописот од 1981 година.[2]
Селото Росоки е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | 600 | 82 | 71 | 18 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 1 |
Населението во селото се смета за староседелско, меѓутоа во Тресонче говорат дека тука доаѓале козари од Албанија и дека преку зима ги криеле овците тука и така се населило селото. Некои зборуваат дека Росоки во минатото постоело кај Елбасан, па од таму се преместило.
Родови во селото се: Бојковци (3 к.), Каповци (6 к.), Стари Поповци (1 к.), Кржаловци (2 к.), Дадавелковци (4 к.), Тодоровци (1 к.), не се знае ништо за овие родови и Поповци (2 к.), доселени се од брсјачкото село Душегубица.
Според едно предание, се смета дека велешкото село Ореше е основано од извесен дедо Дамјан, кој бил доселен од Росоки.
Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Росоки, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.