појаснителна страница на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ролс-Ројс (анг. Rolls-Royce) — група претпријатија потекнати од британскатиот произведувач на автомобили и авиомотори основана од Хенри Ројс и Ч.С. Ролс во 1906 год. Овие претпријатија се:
Симбол на Ролс-Ројс автомобилите е двојното Р („RR“) и статуетката „Дух на екстазата“.
Во далечната 1884 година Фредерик Хенри Ројс отворил електричарско-механичарска работилница. Во 1904 тој ја отвора првата работилница за автомобили во Манчестер и го произведува првиот модел „Ројс“. Истата година го запознава Чарлс Стјуарт Ролс во еден манчестерски хотел и заедно склучуваат договор со кој Ролс станува ексклузивен дистрибутер на автомобилите на Ројс. Во една од клаузулите на договорот се воспоставува и новото име на автомобилот - "Ролс-Ројс". Претпријатието го основале 1906 год.,а просториите ги преселиле во Дерби во 1908 год.
Ова претпријатие го заработува своето големо име за првпат со моделот Сребрено Сениште (произведуван од 1906 до 1925 г.) кој имал мотор со 6 цилиндри. Направени се вкупно 6173 автомобили од тој модел . Во 1921 год. претпријатието отвора втора фабрика во Спрингфилд во Масачусетс, САД заради големата побарувачка во таа земја. Таму тие произведуваат уште 1701 автомобил од моделот Сребрено Сениште (варијација наречена "Springfield Ghost"). Оваа фабрика работела 10 години и затворила во 1931. Шасијата на овој автомобил била употребена за изработка на првиот британски оклопен автомобил кој се употребувал во двете Светски војни.
Во 1931 г., Ролс-Ројс го купува својот соперник, Бентли кои се соочувале со финансиски потешкотии за време на Големата Депресија. Оттогаш, па сè до 2002, автомобилите на Бентли и Ролс-Ројс стануваат скоро идентични, со исклучок на предната решетка и некои ситни делови.
Во 1946 год. производството на Ролс-Ројс и Бентли се преселува во Кру и во Мулинер Парк Вард, Лондон во 1959 год. кога претпријатието започнува за првпат да призведува сопствени школки за автомобилите —дотогаш тие произведувале само шасии, а школките биле изработувани од поединечни специјалисти наречени „каросеристи“ (англ. coachbuilders).
Во 1971 год. претпријатието се национализира заради финансиски проблеми како резултат на производството на моделот RB211, а во 1973 автомобилското одделение се одвојува од претпријатието и добива име, Ролс-Ројс Автомобили (Rolls-Royce Motors). Главниот оддел на претпријатието за производство на авионски и бродски мотори останува во државна сопственост сè до 1987 год. кога е приватизиран како Ролс-Ројс Јавно д.о.о., една од многуте приватизации на владата на Маргарет Тачер.
Во 1980 год. претпријатието е набавено од Викерс, а во 1998 истите ја продаваат на Фолксваген.
Пролетта 2014 година, во музејот "Риверсајд" во Глазгов, Шкотска бил изложен вториот најстар автомобил на Ролс-ројс, произведен во 1905 година, пред Хенри Ројс да се раздели од Чарлс Стјуарт Ролс. Автомобилот бил целосно реставриран, а претходно бил изложен во 1998 година. Инаку, Хенри Ројс направил само шест такви автомобили, од кои е зачуван само еден примерок.[1]
Бентли модели (од 1933 г.)
Најзначајни модели од тој период:
Моделите на Бентли се произведувале паралелно со гореспоменативе модели. Бентли Континентал купињата (произведувани во 1950-тите и 1960-тите) немале свои Ролс-Ројс еквиваленти. Во овој период исто така се призоведувале и многу скапи Фантом лимузини. Во меѓувреме други производители на луксузни автомобили како Мерцедес-Бенц, БМВ и (многу подоцна) Лексус направиле голем технички напредок комбинирајќи спортски перформанси со високо ниво на комфорт; во споредба со нив Ролс-Ројс изгледал многу старомодно.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.