Ролс-Ројс
појаснителна страница на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ролс-Ројс (анг. Rolls-Royce) — група претпријатија потекнати од британскатиот произведувач на автомобили и авиомотори основана од Хенри Ројс и Ч.С. Ролс во 1906 год. Овие претпријатија се:
- Ролс-Ројс Јавно д.о.о. - економски најзначајната од сите, е британска фирма специјализирана за турбински производи, особено авионски мотори, но во последно време и бродски мотори и мотори за електрани која нуди производи и услуги како за цивилна, така и за воена употреба.
- Ролс-Ројс Автомобили д.о.о. - нов призводител на луксузни автомобили во сопственост на БМВ.
- Бентли Автомобили - продолжение на првобитното одделение на Ролс-Ројс. Од 1998 год. претпријатието е во сопственост на Фолксваген групацијата. Автомобилите на Ролс-Ројс и Бентли имаат многу механички сличности уште од 1931, кога Бентли бил купен од Ролс-Ројс. Интересно е тоа што од 2003 г. наваму оваа фирма не може да приозведува автомобили со име „Ролс-Ројс“ бидејќи правата му примаѓаат на БМВ, а не на Фолксваген.
Симбол на Ролс-Ројс автомобилите е двојното Р („RR“) и статуетката „Дух на екстазата“.