Рисер-Ларсеново Море
море во Јужниот Океан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рисер-Ларсеново Море (англиски: Riiser-Larsen Sea) — рабно море на Јужниот Океан над Источниот Антарктик и јужно од Индискиот Океан. Се протега од Астридскиот Срт на запад до Гунерусовиот Срт и гребенот Кајнанмару на исток.[1] Се граничи со Лазаревото Море на запад и Космонаутското Море на исток, опфаќајќи го просторот помеѓу 14° и 30° ИГД. Северната граница ја исцртува 65. јужен напоредник.
Јужно од ова подрачје се сместени Брегот на Принцезата Астрид и Брегот на Принцезата Рагнхилда во рамките на Земјата на Кралицата Мод. Во западниот дел се протега Лазаревиот Леден Гребен, а источно се ледените пристаништа Ерскин и Годел, како и поранешната белгиска станица „Крал Бодуен“.