Рио Фердинанд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рио Гејвин Фердинанд (роден на 7 ноември 1978) — англиски фудбалер. Тој игра на позицијата централен одбранбен играч и во моментов настапува за Манчестер Јунјатед во Премиер лигата. Тој има одиграно вкупно 81 натпревар за Англија а воедно бил и учесник на три Светски првенства.
Рио Фердинанд | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Рио Гејвин Фердинанд[1] | ||
Роден на | 7 ноември 1978(1978-11-07) (45 г.) | ||
Роден во | Денмарк Хил, Лондон, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | 1,95 м[2] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 30 мај 2015 | ||
Младинска кариера | |||
1992–1996 | Вест Хем Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1996–2000 | Вест Хем Јунајтед | 127 | (2) |
1996–1997 | → Борнмут | 10 | (0) |
2000–2002 | Лидс Јунајтед | 54 | (2) |
2002–2014 | Манчестер Јунајтед | 312 | (7) |
2014–2015 | КПР | 11 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1996–1997 | Англија „U18“ | 7 | (0) |
1997–2000 | Англија 21 | 5 | (0) |
1997–2011 | Англија | 81 | (3) |
† Учества (Голови). |
Федринанд ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за различни младински фубалски екипи, за конечно да заигра за Вест Хем Јунајтед каде што напредувал преку младинските редови за во 1996 година да го забележи своето професионално деби во Премиер лигата. Тој набргу станал омилен меѓу навивачите на клубот, и ја добил таканаречената награда Чекан на годината (Hammer of the Year) веќе наредната сезона. Потоа, тој го направил своето деби и во сениорската репрезентацијата во 1997 година во натпревар против Камерун, поставувајќи рекорд за најмлад одбранбен играч кој играл за репрезентацијата на Англија дотогаш. Неговите достигнувања и потенцијалот кој го поседувал биле интересни за тимот на Лидс Јунајтед, па тој преминал во редовите на белите за рекордна сума од 18 милиони фунти. По изминати две сезони како играч на Лидс во 2001 година тој станал капитен на клубот од Западен Јоркшир.
Во јули 2002 година, Фердинанд потпишал за Манчестер Јунајтед за сума од околу 30 милиони фунти, со што уште еднаш го надминал рекордот за најскап трансфер. Во неговата прва сезона во клубот тој ја освоил Премиер лигата што бил негов прв поголем клупски успех. Во септември 2003 година тој пропуштил да се појави на допинг тест поради што бил казнет со отсуство од натпреварувањето од осум месеци од јануари па сè до септември 2004 година. Тој пропуштил половина сезона во Премиер лигата, триумфот на Манчестер Јунајтед во ФА Купот како и квалификациите за Европското првенство во 2004 година. По неговото враќање, тој се промовирал во првиот тим на Јунајтед и добивал честитки за неговите игри, влегувајќи во Тимот на годината во Премиер лигата трипати во четири години. Друг позабележителен клупски успех имал во сезоната 2006-2007 освојувајќи ја Премиер лигата и во годината што следела после таа кога со клубот освоил двојна титула (уште еден наслов во Премиер лигата и неговиот прв во Лигата на шампионите).
Фердинанд заедно со неговата сопруга Ребека Елисон имаат три деца, Лоренц, Тејт и Тиа. Тој е роден во фудбалска фамилија: неговиот брат Антон Фердинанд е исто така центарален одбранбен играч и во моментов настапува за Бурсаспор, а поранешниот англиски репрезентативец, напаѓачот Лес Фердинанд е негов братучед како и играчот од средината на теренот на Питерборо Кејн Фердинанд. Надвор од теренот тој е вклучен во младински добротворни организации, филмови, музика и теливизија вклучувајќи ја и комичната серија „Rio’s World Cup Wind-Ups“.