From Wikipedia, the free encyclopedia
Конзул (лат.: consul, мн. consules) бил назив за двајцата највисоки државни службеници во Стариот Рим, откако во 510 г. п.н.е. била формирана републиката. Тие биле избирани од страна на центуриските собранија и имале мандат од една година. До 449 г. п.н.е. биле нарекувани претори (praetores), што укажува на военото обележје на нивната позиција. Власта ја извршувале заеднички, иако постоела формална разлика (collega maior и collega minor), што била условена од возраста. За конзул можел да биде избран само оној кој зад себе веќе имал политичка кариера.
Законот на Лициниј од 367 г. п.н.е.[1], што бил потврден плебисцитарно во 312 г. п.н.е., предвидувал еден од конзулите да може да биде претставник на плебсот, а во 172 г. п.н.е., по првпат, и двајцата конзули биле плебејци.
Обично конзулите стапувале на должност на 15 март, а од 153 г. п.н.е. на 1 јануари, и според нив била нарекувана годината. Во периодот на Републиката воените привилегии го сочинувале главниот дел од конзуларната власт (imperium consulare). Во војна го делеле командувањето над војската на два посебни фронта, но можеле да дејствуваат и заедно - во тој случај се менувале во командувањето. Во почетокот дури можеле да склопуваат и сојузи и договори, но подоцна морале да бидат ограничени само на воените уредби, а ако сепак имале некаква политичка улога, таа била само со прелиминарен карактер, сè додека Сенатот не ги одобри.
Своите воени должности конзулите не можеле да ги извршуваат во Рим, а од периодот на Корнелиј Сула ниту во Италија, со исклучок на воените обврска и својот триумф. Сепак, во исклучителни случаи должностите можеле да ги извршуваат и во Италија, a надвор од Рим можеле да добијат неограничени овластувања. Во почетокот конзулите ги избирале и воените трибуни, а подоцна тоа поминало кај комициските собранија, а на конзулите им останал само изборот на центуриони и декуриони. По истекот на рокот, конзулот, по одлука на Сенатот, можел да остане уште една година на чело на една или повеќе провинции, носејќи ја титулата проконзул.
Во периодот на Царството конзулите биле највисоки претставници на Сенатот, а заедно со Сенатот и го изгубиле постепено своето значење, пред сè военото. Во периодот на Диоклецијан конзулите имале само почесни титули, а во периодот на Константин Велики, Цариград бил седиште на еден конзул сè до половината на VI век.
Исто така, имал и верски обврски: спроведување на ауспициуми, ритуали на жртвување и посветување на храмовите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.